Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Сиљановска Давкова: Пресудите од Стразбур мора да важат за сите

Пресудите на Судот во Стразбур мораат да важат за сите земји. Доколку тие не се спроведуваат, треба да се размислува и за воспоставуваање механизам на притисок, па дури и закана за исклучување од Советот на Европа. Без нивно спроведување, Судот ризикува да стане проблематична институција. Ова е ставот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова што го […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пресудите на Судот во Стразбур мораат да важат за сите земји. Доколку тие не се спроведуваат, треба да се размислува и за воспоставуваање механизам на притисок, па дури и закана за исклучување од Советот на Европа. Без нивно спроведување, Судот ризикува да стане проблематична институција. Ова е ставот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова што го порача пред претседатели на врховни судии од Централна и Источна Европа, на која имаше и претставник од Бугарија.

  • „Не можам а да не потенцирам дека постојат бројни пресуди од Стразбур кои се однесуваат на заштитата на правата на македонското малцинство во соседството, а кои не се почитуваат. Тоа кај мене отвора сериозни дилеми во однос на задолжителноста на овие пресуди. Без нивно спроведување, Судот ризикува да стане проблематична институција“- рече Сиљановска – Давкова алудирајќи на македонското малцинство во Бугарија.

Македонија како држава ги почитуваме пресудите кога се однесуваат на внатрешното функционирање на нашите судови, но тоа не е пример и со сите членки кои се дел и од ЕУ, рече претседателката алудирајќи на официјална Софија. Тоа го кажала и на нејзината колешка Илијана Јотова на првата средба.

Реклама
  • „Ги споменав пресудите, но не поставував директно прашање дали тие ќе бидат спроведени. Наместо тоа, укажав на обврската сите членки на Советот на Европа, вклучително и оние од Европската унија, да се однесуваат одговорно кон работата на овој исклучително важен суд во Стразбур“ – порача таа.

И премирот Христијан Мицкоски минатата недела потсети на 14-те пресуди кои досега ќе има донесено Судот за човекови права во Стразбур а Бугарија ги нема спроведено. Официјална Софија иако е обрзана да дозволи регистрација на ОМО Илинден – Пирин таа одбива да ја спроведе судската одлука. Не може само за нас да важат договори и обврски, или за сите или за никој – дециден е Мицкоски.