Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Сиљановска – Давкова: Потребен е национален консензус и гаранции за евроинтеграциите

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во денешното годишно обраќање пред пратениците во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во денешното годишно обраќање пред пратениците во Собранието повика на национален консензус во однос на евроинтеграциите и потенцира дека проблемот не е само административен туку лежи во уставните амандамни нагласувајќи дека тоа е политички критериум. Според неа, потребни се јасни гаранции од ЕУ и од Бугарија.  

Осврнувајќи се на трагедијата во Кочани, Сиљановска – Давкова рече сите ние ќе ја носиме траумата од трагедијата во Кочани посочувајќи, меѓу другото, дека со пожарот во кој загинаа 63 лица, на површина излегоа стихијното одлучување недостигот на системска култура, неказнивост и ја истакна потребата за длабоко преиспитување.  – Кочани не доведе до ѕидот на срамот, рече таа.

Побара од политичките партии и политичарите да ги прекинат препукувањата на дневна основа на сметка на судскиот процес за Кочани. Со овој судски процес, како што рече, ќе се види дали судството ќе ја стекне или трајно ќе ја изгуби довербата кај граѓаните. Неслучајно, додаде таа, преговорите со ЕУ почнуваат и завршуваат со правосудството.   

Реклама

Претседателката Сиљановска – Давкова рече дека се надева оти Собранието наскоро ќе го донесе новиот закон за Судски совет и оти потоа таа ќе номинира двајца претставници. 

Во својот говор таа зборуваше и за надворешната политика, за правичната застапеност, за фемицидите, за животната средина…  

Во својот говор таа истакна дека како претседателка, која настапува како граѓанка, имала комуникација со многу граѓани од кои ја чула нивната потреба, со наши успешни луѓе, но и со лицата со попреченост.    

На годишното обраќање на претседателката Сиљановска – Давкова присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, претставници на судската власт, началникот на Генералштабот Сашко Лафчиски, претставици на верските заедници, на дипломатскиот кор и други