Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Сиљановска-Давкова и Милатовиќ ќе одржат предавање на Правниот факултет при УКИМ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кој од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кој од престојува во официјална посета на земјата, денеска ќе одржат заедничко предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Претседателката Сиљановска-Давкова вчера го пречека Милатовиќ со највисоки државни и воени почести на церемонија во Вила „Водно“ по што следуваа тет-а-тет средба и заедничка прес-конференција, при што двајцата претседатели упатија порака за заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ со фокус на регионалната соработка.

Милатовиќ посочи дека двете држави ги поврзува и длабоката историска блискост потврдена со меѓусебна солидарност и поддршка.

Реклама

– Испраќаме пораки за регионална соработка и добрососедска поддршка. Го цениме фактот дека Северна Македонија беше меѓу првите држави што ја признаа Црна Гора и тоа стана цврст темел за развој на нашите билатерални и диплматски односи – нагласи Милатовиќ.

Тој изрази уверување дека во годините што доаѓаат двете земји ќе продолжат да градат односи, кои не се само стабилни на политичко ниво, туку и искрено блиски помеѓу нашите граѓани.

– И токму во таа блискост лежи силата на нашето големо партнерство и пријателство и сигурноста заедно да градиме подобар регион на Западен Балкан и нашата европска перспектива – рече Милатовиќ.

null

Потенцира дека токму европската перспектива на двете држави зазема посебно место во агендата на двете држави, при што, како што истакна, Црна Гора силно го поддржува европскиот пат на земјата. 

– Во нас оваа држава секогаш ќе има сојузник и полна поддршка. Имаме цел да станеме 28. држава членка на ЕУ и со тоа да покажеме дека европската перспектива на овој регион не е само сон, туку и реалност – потенцира Милатовиќ.

Претседателката Сиљановска-Давкова, од своја страна, истакна дека со колегата потврдиле оти се извонреден пример на регионало добрососедство, добар пример на соработка и внатре во рамките на НАТО, а денешната средба уште повеќе ја зацврствува довербата.

Таа истакна дека заедничка визија е стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ, а самитот ЕУ – Западен Балкан, како што рече таа, што ќе се одржи во Црна Гора, е доказ дека прашањето за членство на регионот не е само прашање поврзано за иднината, туку прашање што треба и може да стане реалност. 

null

– Целосната интеграција на Балканот е неопходна за навистина ЕУ да биде заедница што инспирира и што е целосна. Регионалната соработка не е само наша обврска, туку е и право и дека меѓусебната поддршка на земјите од Западен Балкан за мене е императив. Ако не се почитуваме, не се разбираме меѓусебно, сами си го отежнуваме патот кон ЕУ – потенцира Сиљановска-Давкова.

Во рамките на официјалната посета вчера беше потпишан меморандум за соработка помеѓу младинските совети при кабинетите на двајцата претседатели.