Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Ерменија, Цовинар Хамбарџумиан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Ерменија, со седиште во Софија, Цовинар Хамбарџумиан, информираат од нејзиниот Кабинет.

На свечената церемонија, таа го искажала своето задоволство од именувањето на новата амбасадорка, непосредно пред нејзиното учество на Самитот на Европската политичка заедница во Ереван, истакнувајќи дека се работи за прва посета на македонски претседател на Република Ерменија и почеток на нова ера во меѓусебните односи.

Таа потенцирала дека македонско-ерменските односи се втемелени врз заложбите за мир, прогрес и благосостојба.

Реклама

Според неа, во време кога знаењето, иновациите, вештачката интелигенција и дигитализацијата се најважните двигатели на развојот, географската оддалеченост сè помалку е ограничувачки фактор за интензивна соработка во областа на науката, економијата, образованието, културата, туризмот. 

Новоименуваната амбасадорка Хамбарџумиан ги оценила македонско- ерменските односи како успешни, поради втемеленоста на меѓусебно почитување, споделени вредности и заедничка посветеност на дијалог, стабилност и меѓународна соработка.

Таа изрази подготвеност за личен придонес во подобрувањето на политичкиот дијалог, продлабочување на економската, културната, како и на соработката во сите области од взаемен интерес.

Обете препознаваат потенцијал за интензивирање на трговските врски, најпрво, преку креирање соодветна правна рамка, а потем и преку организирање други форми на соработка како бизнис-форуми, средби на стопанските комори, заеднички проекти, чија цел се инвестициите и обостраниот бенефит.

Претседателката го поздравила учеството на двете земји во програмата Еразмус+, како цврста основа за поттикнување на академската соработка и размената на студенти меѓу универзитетите.

Во свет на растечка мултиполарност, двете сметаат дека на малите и средните држави им одговара мултилатерализмот во решавањето на бројните искушенија и предизвици со коишто сме соочени.