Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Сиљановска – Давкова ќе се обрати на „Лидерскиот панел“ на Дипломатскиот форум во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска ќе има обраќање на „Лидерскиот панел“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска ќе има обраќање на „Лидерскиот панел“ на Дипломатскиот форум во Анталија, што се одржува од 17 до 19 април на тема „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“, информираа од нејзиниот кабинет.

„Лидерскиот панел“ ќе го модерира Мевлут Чавушоглу, поранешен министер за надворешни работи на Турција, пратеник во Големото национално собрание и шеф на турската делегација во ПС на НАТО. Останати учесници најавени на панелот се претседателот на Казахстан, Касим – Жомарт Токаев, премиерот на Пакистан, Мухамад Шехбаз Шариф, премиерот и министер за надворешни работи на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани и премиерот на Грузија, Иракли Кобахиѕе.

Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Турција, вчера во Истанбул оствари билатерална средба со тускиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на којашто било констатирано дека македонско-турските односи се одликуваат со силно пријателство, доверба и континуирана меѓусебна поддршка.

Реклама

На петтиот Дипломатски форум во Анталија, што е во организација на Министерството за надворешни работи на Република Турција, под покровителство на претседателот Реџеп Таип Ердоган, се најавени учесници од 155 земји, меѓу кои 21 шеф на држава и влада, 61 министер, како и десетици парламентарци.