Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Се што се продава на пазарите во Скопје, Куманово, Паланка Велес и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се што се продава на пазарите во Скопје, Куманово, Паланка Велес и другите градови, се наводнува од Вардар, Пчиња, Крива Река и другите реки од тој слив. Излевањето на цијанид и други опасни материјали во Крива Река може да биде една од најголемите еколошки катастрофи во поновата историја, рече Каја Шукова ексминистерка за животна средина од СДСМ.

Излевањето на високо отровни материи од рудникот Тораница резултираше со енормно загадување на Крива Река. Според независните анализи кои ги објави општианта Крива Паланка и градоначалникот Сашко Митовски, концентрацијата на тешки метали, цијаниди и други токсични материи е десетици и стотици пати над дозволеното. Ова е огромна закана за живиот свет, за бунарите, за земјоделските површини, но и аларм итно да се направат анализи и во Пчиња и Вардар.

-Инспекторатот за животна средина има огроман одговорност во овој случај и денес мора да се бара одговорсност од сите. Наместо да ја утврди вистината, Инспекторатот излезе со неосновано тврдење дека се излеала „само вода“. Доколку не се направеше независната анализа од општината Крива Паланка, заради овие паушални и очиглендо политички мотивирани тврдења на инспекторатот се ризикуваа животи – рече Шукова.

Реклама

СДСМ прашува – дали ова е случајно или некој свесно ја штити компанијата Булмак 2016? Дали државни органи, под раководство на кадри на ВМРО-ДПМНЕ, учествуваат во прикривање на еколошки криминал? Дали тоа што Тони Тоневски, директорот на Булмак е истакнат партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен градоначалник од нивните редови е причината за криење на вистината?

-Овој сомнеж го подгрева и пратеникот Емил Спасовски од ДПМНЕ, кој наместо да застане на страната на граѓаните и нивната безбедност, ја политизираше целата ситуација. Наместо да бара одговорност, тој се обиде да го дискредитира градоначалникот на Крива Паланка и да ја релативизира хаваријата. Затоа јавно бараме темелна и итна истрага за целиот случај и утврдување кривична одговорност. Итно испитување на сите реки и води кои се во допир со водите од Крива Река, вклучително и делови од Пчиња и Вардар. Потенцираме и укажуваме дека можеби храната која јадеме е под ризик. Објава на сите инспекциски извештаи поврзани со рудникот Тораница. Оставка од пратеникот Емил Спасовски, кој свесно ширеше дезинформации и ја минимизираше катастрофата. Одземање на еколошката дозвола на Булмак 2016, поради сериозни и повторени прекршувања – рече Шукова.