Реклама

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Свет

Што открил Илон Маск во УСАИД?

Протестот пред федералната агенција во Вашингтон беше фокусиран на работата на Илон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Протестот пред федералната агенција во Вашингтон беше фокусиран на работата на Илон Маск, назначениот од претседателот Доналд Трамп за намалување на американската влада.

„Народот треба да одлучи како ќе ги браниме Соединетите Американски Држави. Народот треба да одлучи како се трошат парите на нивните даночни обврзници. Илон Маск не може да одлучува“.
 
Маск е најбогатиот човек на светот и главен извршен директор на компанијата за електрични возила Тесла и воздухопловната компанија Спејс Икс. Тој, исто така, поседува и други компании, вклучувајќи ја и платформата за социјални медиуми Икс, порано позната како Твитер.

Од инаугурацијата на Трамп, Маск, како водач на новосоздадениот Оддел за ефикасност на владата, или Доуж, почна да работи на намалување на она што тој и претседателот Трамп го гледаат како скапи федерални програми.

Реклама

Тимот на Маск, наводно, добил пристап до платните системи на Одделот за финансии, предизвикувајќи загриженост, и побарал контрола врз Американската агенција за меѓународен развој или УСАИД, која обезбедува хуманитарна и друга помош за повеќе од 100 земји.

„Претседателот Трамп му нареди на својот корумпиран пријател милијардер, Илон Маск, да ограби критична агенција на американската влада“.

Трамп, сепак, ја повтори својата поддршка за Маск.

„Тоа е нешто за што тој чувствува дека е неопходно, и јас сум импресиониран затоа што тој веќе води голема компанија“.
Илон Маск рече дека она што го открил во УСАИД не може да се спаси.

„Додека изстражувавме во УСАИД, стана очигледно дека она што го имаме овде не е јаболко со црв во него, туку имаме цела топка од црви.“

Конгресните демократи го оспоруваат тоа и велат дека е погрешно што Маск има толку голема моќ, мала одговорност и надзор, особено ако се има предвид дека Спејс Икс има договори со федералната влада.

„Не е избран од народот, неодговорен милијардер со експанзивен конфликт на интереси, длабоки врски со Кина и недискретен против наводните непријатели, киднапирајќи ги најчувствителните системи за финансиски податоци на нашата нација и нашите налози за плати“.
 
Но, Трамп вели дека Белата куќа го обезбедила потребниот надзор на работата на Маск.

„Каде што мислиме дека има конфликт или има проблем, тогаш нема да му дозволиме да се приближи. Ние се обидуваме да ја намалиме владата, а тој веројатно може да ја намали како и кој било друг, ако не и подобро“.

Во својата улога како „специјален вработен во владата“, на Маск му е дозволено да работи, но не повеќе од 130 дена годишно.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон