Нема начин да се задоволат некои луѓе. Кога се собираа потписи, многу им беа, сега кога треба само два, малку им се. Премиерот Мицкоски вели дека владата сторила се да се реши проблемот со собирањето потписи за локаните избори, но вели дека е невозможно да се задоволат сите. Дури и ги повика граѓанските организациите сами нека кажат што сакаат, и владата тоа ќе го исполни.
Кога требаше да се собираат повеќе потписи, многу им беа, сега кога не треба, малку им биле. Нема начин како да се задоволат некои луѓе – остра реакција на премиерот Христијан Мицкоски за критиките од таканаречените независни кандидати и невладини организации во врска со правилникот на ДИК кој предвидува на овие избори, граѓаните кои сакааа да учествуваат, да треба да поднесат само два потписа за кандидатура за градоначалник. Според премиерот, владата сторила се што можела, да обезбеди се, но очигледно е невозможно да се задоволат сите.
„Таа е ракцијата. Јас ја слушам, но навистина не знам што можеме ние како влада повеќе од ова да направиме за да на некои луѓе им удоволиме или да ги задоволиме нивните барања. Ако имате бројка на потпипси, многу биле, ако имате само два потписи малку биле. Еве нека кажат што треба да направиме, ќе направиме. Навистина не можам да разберам некои луѓе“, изјави премиерот Мицкоски.
Рекацијата на Мицкоски следи откако повеќето граѓански организации и невладини здруженија реагираа на одлуката за два потписа, обвинувајќи дека на ваков начин ќе се создаде хаос на изборите и дека многумина сега може да го злоупотребат процесот. Но вистинскиот проблем на овие организации е што со нискиот праг за учество на изборите, ќе има повеќе кандидати, а со тоа би дошло до своевидно разводнување на неопределените гласачи. Проблем што нема толку да влијае на партиите. Сепак, според премиерот, владата не е виновна за ова, туку сегашната состојба е резултат на одлуката на Уставниот суд, но и од гласањето во Собранието кога ДУИ на некој начин го саботираше обдиот да се воведе нов праг за кандидирање.
„ДУИ после 20 години е во опозиција, и тешко го поднесува тоа. Очигледно е дека во рамките на нивната структура имаат големи проблеми се обидуваат со одредени трикови да правата притисок за да бидат повторно во владата. Еве веќе речиси 14 месеци оваа влада функционира стабилно јавноста може да види дека тоа што значеше во минатото, криминал и корупција на дневна основа тоа веќе не е праска“, изјави премиерот Мицкоски.
Инаку, новите правила на игра доаѓаат откако Уставниот суд во мај годинава укина две одредби од Изборниот законик каде се предвидуваше прагот за учество да биде 1% од запишаните избирачи. Овој праг не им одговарше на невладините. Потоа, и пратениците се обидоа да го регулираат ова преку измени во Изборниот законик, со праг од 0.5 %, но и тоа не помина зошто не беше исполнет условот за Бадентер.

