Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Штитеник од старски дом во Битола со корона вирус

Од вчера, еден од штитениците на старскиот дом “Сју Рајдер“ во Битола,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од вчера, еден од штитениците на старскиот дом “Сју Рајдер“ во Битола, со позитивен наод од тестот за корона вирус, е сместен во Инфективното одделение на Клиничката болница во Битола.

Тој бил примен и сместен во Домот на 18 март, а на 2 април имал симптоми на корана и висока температура. Алармот веднаш бил вклучен и во епидемиолошката анкета, било утврдено дека претходно имал контакт со негова внука од Германија.

Затоа му бил земен бриз, кој два дена подоцна ги потврди сомнежите.- Сега, во Домот е вклучен алармот и двете лица што беа во истата соба, исто така непокретни, се изолирани, а одум вработени кои биле во контакт се испратени во домашна изолација.

Реклама

Во меѓу време, екипа од Центарот за јавно здравје изврши вонредна дезинфекција, а веќе два месеца се забранети излегувања на штитениците од Домот. Олеснително е што заболениот беше непокретен и со малку контакти само на персоналот, рече директорката Јулијана Котевска.

Денеска, по телефон до редакцијата на АЛФА ТВ се јавија роднини на вработени во старскиот дом кои се пожалија дека поради наложениот карантин, им с екратат денови од годишниот одмор и дека до вчера немале соодветна заштитна опрема, која денеска е целосно обезбедена.

Во старскиот дом “Сју рајдер“ во Битола има 154 возрасни штитеници и обезбедени им се потребните услови. За нивната здравствена состојба, домашните и роднините можат да се информираат на дежурните телефони на домот.

Пеце Стефановски