Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Штипското комунално претпријатие „Исар“ доби мултифункционално возило

Ново мултифункционално возило за чистење на улици доби ЈП „Исар“, набавено со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ново мултифункционално возило за чистење на улици доби ЈП „Исар“, набавено со средства од Центарот за развој на Источно планскиот регион (ИПР) и Општина Штип.

Директорот на Центарот за развој на ИПР, Трајче Здравков на денешната прес-конференција рече дека проектот е вреден 5,8 милиони денари, од кои четири милиони денари се обезбедени преку Програмата „Регионален развој за 2025 година“, додека 1,8 милиони денари се средства од буџетот на Општина Штип. Со оваа набавка ќе се подобри ефикасноста во одржувањето на комуналната хигиена во градот. 

-Преку проектот „Унапредување на заштита на животната средина“, реализиравме набавка на мултифункционално возило за чистење за потребите на Општината, онносно ЈП „Исар“. Овој проект е во износ од 5,8 милиони денари од кои 4 милиони денари се од програмата „Регионален развој за 2025 година“, a 1,8 милиони денари се од буњетот на општина Штип. Со оваа набавка ќе придонесеме за почиста животна средина-изјави Здраков. Директорот на ЈП „Исар“-Штип Александар Арсовски вели дека со новото возило, ќе се подобрат услугите, кои што претпријатеието ги испорачува кон граѓаните.

Реклама

Тој истакна дека и во претходните 15 месеци, со помош на Општината набавени биле и други шест специјализирани возила. 

-Денес на мое огромно задоволство можам да кажам дека возниот парк се збогатува со уште едно ново специјализирано повеќенаменско возило, со кое што во голема мера ќе се подобрат услугите, кои што Јавното претпријатие ги испорачува кон граѓаните. Ова е еден позитивен пример на соработка меѓу институциите, односно Источно Планскиот Регион, ЈП „Исар“ и Општината-вели Арсовски.