Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Штипските такси компании нема да ја зголемат цената на такси услугите, но бараат помош за набавка на нови електрични возила

Такси услугите во Штип нема да се зголемат и покрај воениот конфликт…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Такси услугите во Штип нема да се зголемат и покрај воениот конфликт на Блискиот Исток. Претседателот на Здружение на такси компании „Такси 2003“-Штип, Глигор Арсов денеска образложи дека последните промени на цените на такси услугите се направени пред два месеци и се изгласани од страна на советниците на советот на Општина Штип. Посочува дека ги следат случувањата и доколку има потреба да се реагира тоа треба да биде во согласност со одлуките, кои се носат на седници на советот на Општина Штип.

– Околу Нова година се качи цената на такси услугата во Штип, цената е солидна, содејствува со моменталните услови. Гледаме дека на берзите цената на нафтата падна. Така да ќе чекаме некој период, за да видиме што понатаму, изјави Арсов. 

Тој истакна дека во моментот такси компаниите размислуваат за  набавка на нови електрични возила, со што такси превозот не би бил зависен од ситуацијата со нафтата. Арсов вели помош треба да има и од државата, бидејќи тоа ќе значи и зачувување на почиста животна средина. 

Реклама

-Ние најдобро е веќе да размислуваме на некои алтернативни работи, да ги искористиме новите модели на возила, хибриди, електрични возила,со кои не би биле зависни од нафта, рече Арсов.