Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ домаќин на истражувачката мисија на Европската универзитетска алијанса (ACE2EU)

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)- Штип денеска и утре е домаќин на  истражувачка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)- Штип денеска и утре е домаќин на  истражувачка мисија, на кој присуствуваа сите девет универзитети во рамките на Европската универзитетска алијанса (ACE2EU). Проректорот на УГД-Штип, Ана Никодиновска-Крстевска вели професорите од Алијансата учествуваат во креирање на идни едукативни можности кои во наредниот период ќе бидат дел од редовната настава.

-Идејата беше, затоа што се соочуваме со многу предизвици во последно време, решивме дека ова за нас е една актуелна тема која би сакале да ја дискутираме, вели Никодиновска Крстевска.

Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски појасни дека темата на настанот беше безбедно и инклузивно општество, кое ќе ги покрие безбедноста и сигурноста на населението од сите аспекти. Целта е преку разни активности да се дојде до заеднички додипломски студии и еден универзитет за сите студенти.

Реклама

-Почнуваме од кратки обуки, летни школи, а треба да завршиме со зеднички додипломски студии, изјави Мираковски.

На настанот присуствуваа и професори од други универзитети и држави кои придонесоа за реализација на овој проект.

Денешната истражувачката мисија на Европската универзитетска алијанса (ACE2EU) е од големо значење и за Штип, вели градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, бидејќи какошто посочи се отвораат нови можности за сите за помодерно и поинклузивно општество.

-Овој настан навистина ќе овозможи посилни институции, можност за создавање политики преку кои ќе се создаде и ќе се креира едно посовремено, помодерно и поинклузивно општество, рече Јорданов.