Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Штипскиот градоначалник му врачи ваучер на штипскиот гимназијалец Даниел Христов, кој освои бронзен медела на Мендеелевата олимпијада по хемија

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, денеска оствари средба со штипскиот гимназијалец…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, денеска оствари средба со штипскиот гимназијалец Даниел Христов, кој освои бронзен медал на престижната Менделеева олимпијада по хемија, едно од најреномираните и најпредизвикувачките меѓународни натпреварувања во оваа научна област, на кое учествуваат најдобрите млади хемичари од целиот свет.

 Во писменото соопштение од општина Штип се наведува дека градоначалникот упатил искрени честитки за постигнатиот успех, истакнувајќи дека освоениот медал претставува извонредно достигнување, кое не само што го афирмира личниот труд, знаење и посветеност на ученикот, туку истовремено претставува и значајна промоција на Штип и на Македонија на меѓународно ниво. Тој нагласи дека ваквите резултати се јасен показател за квалитетот на младите луѓе од општината и за потенцијалот кој тие го поседуваат во областа на науката и образованието. Во своето обраќање, градоначалникот потенцираше дека Општина Штип останува цврсто посветена на континуирана и системска поддршка на талентираните ученици, преку создавање услови за нивен развој, стимулирање на нивните постигнувања, како и преку различни форми на наградување и поддршка. Тој додаде дека вложувањето во младите, особено во оние кои постигнуваат врвни резултати во науката, претставува директна инвестиција во иднината на општеството.

Градоначалникот Јорданов на средбата со Христов истакнал дека ваквите успеси треба да бидат мотив и инспирација за сите ученици, со цел да се поттикне поголем интерес за природните науки и за натпреварувачкиот дух, кој води кон највисоки достигнувања. Во знак на признание за постигнатиот успех и како поттик за идните предизвици, на Христов му беше доделен симболичен ваучер во вредност од 10.000 денари.

Реклама

Инаку, Менделеевата олимпијада по хемија е една од најстарите и најпрестижните Меѓународни олимпијади од областа на хемијата. Годинава се одржа во Москва, Русија, со учество на претставници од 39 држави.