Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Штипскиот Факултет за образовни науки одбележа 30 годишен јубилеј

Факултетот за образовни науки (ФОН) при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип со свечена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Факултетот за образовни науки (ФОН) при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип со свечена академија денеска одбележа  30 години од своето постоење. Деканот на ФОН при УГД-Штип, Трајче Стојанов по повод 30 годишниот јубилеј истакна дека на овој факултет се создавале учители и педагошки кадар кои го носат образованието низ целата држава.

-Ова значи дека оваа долга традиција не обврзува да продолжиме да работиме во истата насока, дури и уште понапорно за да ги достигнеме врвовите на нашите претходници. Во план е акридетирање на нови студиски програми, така што се зголемува Факултетот за образовни науки и се шири во сите дисциплинарни подрачја на педагошката наука, кои треба да одговорат на современите предизвици. Учители секогаш ќе требаат, да се согласувам дека финансиската состојба е навистина таква како што е, но видете сите ние ова го работиме првенствено од љубов кон професијата, рече Стојанов.

Тој истакна деја  вештачката интелигенција е сериозен предизвик и за учителите, воспитувачите.

Реклама

-Новите трендови, особено развојот на информатичката технологија, особено сега со појавата на вештачката интелигенција носи сериозни предизвици и токму од тие причини реков дека пред факултетот стои нов предизвик. Ние сме во постапка на акредитирање на нови студиски програми, меѓу другото една од тие е и она што сега е тренд дигитална педагогија, посочи Стојанов.

 Меѓу присутните беше и поранешниот декан и професор Блаже Китанов, кој истакна дека мотивирачки е да се работи на едукација на наставници, но смета дека во новиот современ свет е потребен нов пристап во работата со студентите.

-Не беше лесно да се работи толку време, затоа што јас тука го поминав речиси целиот работен век. Точно 40 години работа на Педагошката академија, па и на Педагошкиот факултет. Од 1980 година до 2020 година секогаш било возбудливо и интересно. Мотивирачки е да се работи на едукација на наставници за оделенска настава и воспитувачи и мислам дека сега во овој век потребен е нов пристап во работата со студентите, бидејќи доминира информатичката технологија. Ние треба што е можно повеќе да ја доближиме книгата за читање на факултетите, изјави Китанов.

 На 19.06.1995 година со одлука на управата на тогашниот Универзитет „Свети Кирил и Методиј“-Скопје, а по одобрение на тогашното министерството за образование и физичка култура Вишата педагошка академија премина во Педагошки факултет.