Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Штип втора општина на Балканот која Статутот го приспособи на Барјовото писмо

Штип од денеска стана втората општина на Балканот која Статутот на Општината…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штип од денеска стана втората општина на Балканот која Статутот на Општината го приспособи на Брајово писмо за лицата со оштетен вид информираат преку пишано соопштение од општина Штип. Во него се вели дека денеска, приспособениот Статут беше презентиран пред претставници на општина Штип, Здружението „Хендикеп плус“, како и пред Здруженија на лица со попреченост и лица со оштетен вид.

-На средбата беше истакнато дека само преку соработка, меѓусебна поддршка и заеднички активности можат да се реализираат суштински и системски промени, кои ќе овозможат достоинствено и рамноправно место на лицата со попреченост во општеството, соопштуваат од општина Штип.

Оваа активност е дел од проектот „Пристапна и отворена општина“, чија цел е да обезбеди социјални промени иницирани од самите лица со попреченост, со цел унапредување на транспарентното, одговорно и инклузивно владеење на правото.

Реклама

-Воедно, сакаме да истакнеме дека Статутот на Брајово писмо е изработен од Здружението „Хендикеп плус“, во соработка со Општина Штип и со финансиска поддршка од Бугарската помош за развој.

Општина Штип останува посветена на креирање еднакви можности, подобра пристапност и унапредување на правата на сите граѓани-додаваат од Општината.