Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Штип подготвен да му помогне на Скопје во расчистување на ѓубрето

Штип, е подготвен да помогне во расчистување на ѓубрето во главниот град.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штип, е подготвен да помогне во расчистување на ѓубрето во главниот град. Градоначалалникот, Иван Јорданов,  најави дека во готовност се комунални возила кои доколку биде потребно, веднаш да тргнат за Скопје. Преку ЗЕЛС, се чекат насоки  за како градоначалниците да се солидаризираат и да помогнат во расчистувањето на сметот во Скопје, кое е пред вистинска еко-катастрофа.

„Верувам дека ќе се солидаризираме преку ЗЕЛС, да дадеме меѓуопштинска поддршка со одредени ресурси, притоа нормално завршувајќи ги сите примарни активности во нашиот град. Ние стоиме на располагање да дадеме поддршка и помош, бидејќи општинската соработка мора да постои и да ја има“, изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Во меѓувреме во Штип, финишираат градежните активности на новиот булевар „Партизанска”. Потегот помеѓу населбите Осми Ноември и Баби, целосно ќе биде урбанизиран и ќе биде идниот развој на градот. Овде ќе никне најголемиот еко-парк во регионот, а предвидена е изградба на неколку станбени и деловни објекти.

Реклама

„Како зона за домување ќе биде доста атрактивна локација. Градот ќе се развива во таа насока и ќе биде потенцијално место за домување на многу наши сограѓани, но и на жители од околните места кои го таргетираат Штип, како едно урбано и модерно место на живеење“, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Јорданов, најави дека деновиве ќе бидат готови и типските куќи  во кои треба да се вселат  семејства кои живееја покрај трасата по која поминува булеварот.