Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Штип го свикува Локалниот совет за превенција по трагедијата во дискотеката во Кочани

Четворица штипјани се повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четворица штипјани се повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Сите се хоспитализирани и се лекуваат во болниците во странство. За утре е закажан Локалниот совет за превенција, а веќе во петок ќе има седница на Советот на Општина Штип за поддршката која ќе ја добијат семејствата на загинатите и на повредените, најави денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Тој посочи дека на утрешната седница на Локалниот совет за превенција сите институции заеднички ќе дефинираат чекори во насока на решавање на проблемите во секојдневието. Јорданов истакна дека постои колективна одговорност за решавање на проблемите во општеството.

„Заеднички да се дефинираат чекорите во насока на решавање на проблемите со коишто се соочуваме во секојдневието, без разлика на надлежностите на институциите. Сепак треба да биде една координирана активност, која мора да биде засилена. Трагедијата се случи во секторот угостителство, но верувајте проблемите се присутни во сите сегменти на општественото живеење,“ изјави Јорданов.

Реклама

Тој додаде дека општините и институциите не можат самостојно да ги решат проблемите во општеството. Според него, мора да се направи национална Стратегија за да се надминат сите недостатоци и аномалии кои се појавуваат, а истовремено потребно е да се работи и на однесувањето на граѓаните и само со конкретни чекори може да се надминат проблемите.

„Евидентно е дека имаме проблеми и нефункционален систем и општество. Ниту една Општина, ниту една институција не може самостојно да одговори на предизвиците на дневна основа. Ниту една институција нема соодветен капацитет за да ги исконтролира во еден момент сите недостатоци и аномалии коишто се појавуваат,“ рече Јорданов.

На наредната редовна седница на Советот на Општина Штип, која ќе се одржи во петок, ќе се донесе одлука за поддршка на семејствата и на повредените и на починатите.