Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Прилози

Штип добива центар за рехабилитација на децата со попреченост

Отварањето на Центар за рехабилитација, преставува важен чекор кон поголема инклузија на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Отварањето на Центар за рехабилитација, преставува важен чекор кон поголема инклузија на лицата со попреченост. Штип, ќе биде првиот град во државата кој ќе им овозможи на младинците преку разни терапевтски ативности да стекнат вештини за самостоен и независен живот, смета Зоран Мијалков, родител на деца со попреченост и претседател на Здружението „Сплотени срца. Центарот кој ќе биде сместен во просториите на средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев„ дневно ќе згрижува по 24 луѓе и ќе се работи со нив на подобрување на состојбата во која се наоѓаат.

„Рана рехабилитација на дечињата, работа со логопеди, дефектолози, физиотерапевти и други стручни луѓе. Многу е важно негуватели, кои пред се ќе ја имат човечкат нишка кон овие деца. Многу е важнао терапијата да е преку игра и љубов„ изјави Зоран Мијалков, родител на деца со попреченост и претседател на Здружението „Сплотени срца„.

Изградбата и опремувањето на Центарот, ќе чинат околу 11 милиони денари, 11 % треба да кофинансира општината. Во моментот проектот е во фаза на тендерирање преку Министерството за Труд и социјална политика. Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, се надева дека веќе наредната година откако просторот ќе се реновира според стандардите, ќе биде ставен во функција.

Реклама

Освен професионалци, во работата на Центарот активно треба да се вклучат и родителите, а по 4часа, во две смени да се разделат децата од младинците.

„Нема да може да се опфанат сите, треба да има разбирање од страна на родителите. Во почетокот за да се опфатат сите можеби ќе треба и да дена да оди, па два да одмора..така да биде додека Центарот убаво почне да работи. Меѓутоа и тоа е исчекор, и тоа е помош. Некогаш и еден час за на заболекар да отидеш ти е многу важно да знаеш каде ти е детето и дека е згрижено и некој со него работи„ дополнува Мијалков.

Освен отварањето на Центарот за рехбилитација, во блиска иднина се планира и отварање на Центар за младинци. Во него ќе можат да се вклучат сите граѓани. Особено место тука би имале пензионерите музичари, уметници, спортисти, логопеди кои со своите вештини и искуства ќе помогнат во инклузивниот процес.