Вековната македонска борба, актуелната владејачка гарнитура во Македонија, за урна и тоа за само една година, во 2017-та и 2018-та. Со Преспанскиот и договорот со Бугарија, Македонија веќе не е на Македонците, смета универзитетската професорка по историја, Виолета Ачкоска. Според неа потписите на Зоран Заев и Никола Димитров, станаа темел за нова северномакедонска нација, чиј македонски јазик не се признава.
Ваквите политики на нашите власти и според многумина двата штетни договори за македонскиот идентитет, дојдоа на нешто помалку од еден век од печатењето на АБЕЦЕДАРОТ на македонскиот јазик и тоа во Атина во 1925-тата година.
-Значи тоа е една долга борба која трае век и половина, а сега заврши конечно со Преспанскиот договор, во кој Македонија повеќе не е на Македонците, од 19-ти век кауза Македонија на Македонција, не е Македонија на Македонците, се создава нов идентитет со новото има на државата- северномакедонски, а тоа е почеток на умирањето на Македонците како посебен народ. Тоа е политика од Берлинскиот конгрес, која е многу долгорочна сега дефинитивно се реализира со Преспанскиот договор и со барањето на Бугарија, со сите уцени кои што се случуваат, не ви признаваат јазик, не ви признаваат етничка посебност, изјави Ачкоска.

Токму за АБЕЦЕДАРОТ во МАНУ беше одржана свечена манифестација по повод 98 години од неговото печатење. Универзитетската професорка по македонски јазик Нада Јурукова, вели дека АБЕЦЕДАРОТ бил доказ дека македонскиот јазик бил различен од сите други, што денеска на темел на договорот за добрососедство не го признава Бугарија, која вели дека бил дијалект на бугарскиот јазик.
-Тој е резултат на Севрскиот договор 1920-та година, каде што децидно се зборува дека во член 7 од АБЕЦЕДАРОТ се вика дека секој има право, без разлика дали е грчки граѓанин, дали е македонско малцинство, значи треба слободно да си го употребува својот мајчин јазик, изјави Јурукова.
Универзитетската професорка по македонски јазик, Елка Јачева Улчар, испрати порака и до светската јавност, велејќи дека треба да земат пример како пред 100 години се барало признавање на македонското малцинство, иако тогаш Македонија немала ниту своја држава.
-Мојот апел е да се запознае светската јавност, ако досега воопшто не е запознаена каков бил односот на Европа према малцинствата, кои што немале дури ни своја држава пред еден век. Ги имам предвид значи друштвото на народите, кое по втората светска војна е унапредено во организација на Обединетите нации, нивното инсистирање за признавање на македонското малцинство и македонскиот јазик, изјави Јачева Улчар.
Целта на издавањето на АБЕЦЕДАРОТ била развитокот на македонскиот јазик, културата и образование на Македонците во Егејскиот дел. Со самиот факт што тој дел на Македонија потпаднал под грчка контрола, на македонското население му била укината можноста да се образува на својот мајчин јазик. Со издавањето на ова вредно дело, се направил голем чекор кон исполнувањето на таа цел, но за многу кратко време. Имено, после неговото печатење, бил запленет и уништен од страна на грчката Влада.
Матеја Петровски
