Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Прилози

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Спас за пациентите со хемофилија. Конечно, по месеци чекање, добија Фактор 8…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спас за пациентите со хемофилија. Конечно, по месеци чекање, добија Фактор 8 – лек кој им значи живот. Институтот за трансфузиона медицина доби донација од 1,2 милиони единици од овој лек. Од Министерството за здравство велат дека терапијата веќе ја има на Клиниката, а наскоро ќе биде достапна и за пациентите. Протеинот Фактор 8 е важен за хемофиличарите кои треба да се оперираат или да прават друг медицински зафат. Пациентите се задоволни што се обезбедени со лекарства, но нивните барања не застануваат. Следно од здравствените власти очекуваат регистар на хемофиличари, преку кој лекарите навреме ќе знаат за нивните потреби – ако треба да одат на стоматолог, да имаат операција или при планирање бременост.

„И затоа беше побарана донацијата. Но, донацијата ни се одолжи, сепак, благодарни сме што успеавме да ја добиеме и да почнеме да ја користиме – одговори Цветанка Наќевска – здружение на пациенти со хемофилија

Донацијата на Фактор 8 пристигнува од Соединетите Американски Држави. Реализацијата се одолжила затоа што лекот нема европска регистрација, па биле потребни дополнителни сертификати за неговиот квалитет.

Реклама

„Лекот е со ФДА (FDA), а не со европска регистрација и беа потребни посебни сертификации за квалитетот и тоа се заврши“, изјави Сашо Клековски – министер за здравство.

Од Институтот за трансфузиона медицина нагласија дека пациентите се регуларно покриени со терапија.

„Сите наши пациенти со хемофилија се регуларно покриени со терапија. Оваа донација ни треба за пациентите, каде што елективно ќе се планира некој вид хируршки зафат. Инаку, за сите итни случаи Институтот располага со лекови за третирање на овие пациенти. Конкретната донација ќе ни служи за пациентите, каде што планирано, елективно, дали за стоматолошки зафат или за други зафати – оперативни, се планира да се интервенира кај пациентите со хемофилија. Инаку, не само интервенцијата туку и рехабилитацијата и понатамошниот третман бараат повисоки количини и затоа мислам дека со оваа донација успеавме да се погрижиме овие пациенти да имаат доволна количина лек. Инаку, за сите пациенти со хемофилија моментно има количини лек“, изјави д-р Амир Ељези – директор на Институт за трансфузиона медицина

Во земјата има околу 300 лица со хемофилија. Оваа болест е наследна и ретка, при која крвта потешко се згрутчува поради недостаток на одредени фактори за коагулација. Поради тоа, крвавењето може да трае подолго од вообичаено, а кај потешките форми може да се појават и крвавења во зглобовите и мускулите. Најчесто се јавува кај машки лица и се пренесува генетски.