Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Економија

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Брзо, комфорно и сигурно патување од источниот дел на градот Скопје до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Брзо, комфорно и сигурно патување од источниот дел на градот Скопје до центарот. Алтернативниот превоз, градскиот воз од Зелениково до Скопје, патниците ги превезува за помалку од половина час. Мештаните задоволни, велат ќе се вратат на старите навики и ќе почнат да го користат како навремето. Очекуваат и младите да се возат како тие кога до центарот на градот доаѓале со воз.

Јас одев во училиште со воз. Во средна гимназија во Драчево одев со воз, кажа еден од мештаните

73-та година… Овде ова беше, еве, исто вака. До пред десетина години, дополни мештатин.

Реклама

Јас мислам дека ќе биде многу убаво, бидејќи јас сум дете на железничари и младоста ми помина со воз, додаде мештанка.

Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски, директорите на двете јавни претпријатија одговорни за железницата и градоначалникот на Скопје имаа можност од прва рака да го искусат патувањето.

„Навистина една година е прилично брз период за да се реализира овој проект, којшто можам вака од лично искуство да кажам дека условите во коишто денеска ја поминавме делницата од Зелениково до оваа централна железничка станица во центарот на Скопје се навистина европски. Дали со ова ги решаваме сите проблеми на светот коишто во суштина ги имаме — нема да ги решиме, но дали ова е чекор напред — да, е чекор напред во делот на решавање на дел од проблемите со коишто се соочуваме, посебно во транспортот и посебно во делот на заштитата на животната средина и загадувањето“, изјави Премиерот Хриситјан Мицкоски.

„Реализацијата на градскиот воз е доказ дека кога се има јасен план, концепт и визија, може да се реализираат проекти. И е уште поголем доказ дека нешто што пред две години се сметаше за заборавено и напуштено, а тоа е железничкиот превоз, еве после две години повторно се враќа во живот“, додаде Николоски.

Возот е најеколошкото превозно средство. Во текот на годинава се надминаа проблемите. Се смени старата инфраструктура, се поставуваат нови прагови, се зголеми безбедноста во патувањето. Но, несовесните граѓани и понатаму се проблем за целокупната безбедност во сообраќајот.

На истиот потег имаме и 11 патни премини. Она што јавно замолувам е целокупната јавност максимално да се однесува внимателно и да ја почитува сигнализацијата на патните премини. Вчера во еден телевизиски прилог сите бевме сведоци дека добар дел од граѓаните поминуваат и покрај тоа што сигнализацијата кажува да запрат и да почекаат да помине возот“, изјави Синиша Ивановски, директор на МЖ Инфрастуктура.

„Ќе искористам една анегдота од тоа што пред година дена со претседателот на Владата, токму ова што колегата Ивановски го спомна, бевме на увид во Драчево, кога констатиравме дека дрвениот праг е уште од ’69-та година. За нецела година дена ние имаме сосема нова линија од Централна станица до Зелениково, со нови бетонски прагови и на проектираната брзина која колегата Ивановски ја спомна“, додаде Дејан Кошутиќ, директор на МЖ Транспорт АД.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека ветувањето се реализира. За две години граѓаните ќе ги користат целосно услугите од градскиот воз по завршување на уште „

„Ова е едната фаза. Втората фаза е модернизацијата на возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје, каде што знаете дека за тоа може повеќе детали министерот да изнесе во јавноста, но веќе е завршена постапката, потпишан е договорот и за многу скоро од денес почнуваат да стигнуваат новите 100 автобуси на градот Скопје. Третата фаза, којашто ќе значи финална модернизација и давање на алтернативи за транспорт во главниот град, ќе значи реализација на проектот БРТ. Сакам еве да ја информирам ексклузивно јавноста дека таму сме веќе финиширани и во текот на наредните десетина дена би ја распишале тендерската постапка за избор на оператор којшто тоа ќе го изведува во нашиот главен град“, рече Градоначалникот на Скопје.

Цената на месечниот билет изнесува 1.040 денари, додека повратниот е 70 денари, а билетот во еден правец е 40 денари.

Но, освен локално, железницата се развива и на централно ниво. Па така, се очекува да се модернизира и пругата од Скопје до Кичево, а паралелно се работи на подготовката за изградба на брзата пруга по Коридорот 10, но и на железничкото поврзување по Коридорот Исток-Запад, односно Албанија – Бугарија преку Македонија.

https://youtu.be/n-8VVQMfwOQ