Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

По повод 8 септември ќе биде отворен граничниот премин кај селата Огут и Калово помеѓу Македонија и Србија

По повод 8 Септември, Денот на независноста, ќе биде отворен привремен граничен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 8 Септември, Денот на независноста, ќе биде отворен привремен граничен премин меѓу селата Огут, Крива Паланка, Македонија и Калово, Трговиште, Република Србија.

-Општина Крива Паланка  ги известува граѓаните дека по повод 8 Септември – Денот на независноста, на 8 септември 2026 година во село Огут ќе се одржи традиционалниот народен собир и заедничко чествување на празникот. По тој повод, предвидено е отворање на привремен граничен премин меѓу селата Огут, Општина Крива Паланка, Република Северна Македонија и Калово, Општина Трговиште, Република Србија. Привремениот граничен премин ќе биде во функција на 8 септември 2026 година, во периодот од 9 до 23 часот и 30 минути, со овозможено пешачко движење на граѓаните преку државната граница кај граничен камен 12 во селото Огут. Отворањето на преминот е во рамки на традиционалното заедничко чествување и овозможува средба и празнично дружење на жителите од двете страни на границата, информира службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.

Оттаму ги покануваат граѓаните да бидат дел од традиционалниот народен собир и заедничкото одбележување на празникот.