Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Прилози

Нов смртен случај од Западно-нилска треска, досега седуммина починати од вирусот

Нов смртен случај седми по ред  од западнонилска треска во Македонија. Пациентот …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов смртен случај седми по ред  од западнонилска треска во Македонија. Пациентот  е  на возраст од 69 години од Општина Гази Баба и бил хоспитализиран 38 дена. Вкупниот број на хоспитализирани е 19, а има и еден нов сомнителен случај од Радишани. Последните неколку нови случаи се од Скопје Север. Сите смртни случаи до сега се мажи на возарст над 60 години. Клековски додаде   дека според најголемата студија во Америка спроведена на над 3.000 случаи, стапката на заболување со невроинвазивната форма и смртноста е поголема кај мажите. 

-Имаме еден починат. Тој е пациент кој најдолго беше хоспитализиран преку 38 дена во болницата и имаме еден нов сомнителен случај во овие три дена од последното известување. Состојбата на хоспитализација е иста мислам дека се 19 пациенти бидејќи имаме само еден нов сомнителен случајистакна министерот за здравство Сашо Клековски.

Инаку бројот на нови хоспитализации од Западен нил во Македонија почнува да се намалува, но надлежните повторно   предупредуваат дека земјава се соочува со уште еден потенцијален ризик – морбилите. Причина за загриженоста се нискиот опфат со МРП-вакцината во земјава и зголемениот број заболени во соседните Косово и Бугарија. Институтот за јавно здравје ги спроведува сите неопходни активности за информирање. Клековски вели дека загрижува фактот што малата стапка на вакцинација е во урбаните средини додека во помалку развиените срдини имуннизацијата е на високо нив. Затоа пристапот кон овој проблем треба да биде поаналитички.  

Реклама

-Бидејќи нема логика да условно кажам во помалку развиени средини имаме многу висок степен на опфат вклучувајќи и со помалку прифатени вакцини како ХПВ-то. А од друга страна во средините кај што се најразвиени, каде што образованието е на највисок степен да имаме најнизок степен на опфатистакна министерот за здравство Сашо Клековски.

Инаку, малите сипаници се опасна болест која може да заврши и со смртни последици. Под најголем ризик се децата помали од 5 години, луѓето со слаб имунитет, трудниците, и  невакцинираните.  Болеста започнува со појава на висока телесна температура која се качува и над 40 степени, главоболка, треска, секрет од нос, и црвенило во очи.