Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Економија

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Македонската економија расте со забрзано темпо, благодарение на силните инвестиции во градежништвото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската економија расте со забрзано темпо, благодарение на силните инвестиции во градежништвото и во преработувачката индустрија. За Премиерот Христијан Мицкоски, податокот за растот од 4,3% е показател на добро менаџирање со државата во време кога нашиот најголем трговски партнер Европа, има раст од нешто над еден процент, или четири  пати пониско од Македонија. Мицкоски потенцира дека земјава имала и подобар резултат  во 2008/2009 година, тогаш надминал и пет проценти, но во тоа време и европската економија растела со ист или поголем процент од македонскиот.

„Не е лесно, не можам тука да кажам дека дека е лесно, не не се сите проблеми решени, не можам да кажам дека се сите проблеми решени, бидејќи многу проблеми се наследени. Но, она што е важно е дека работиме и дека се трудиме сето тоа коешто е наследено да го решаваме, а нови проблеми да не создаваме, и резултатите еве после 2, 5, 6 месеци конечно излегуваат на површина. Имаме раст на индустриско производство, имаме стабилизирана инфлација. Овој раст од 4,3 проценти, кога ќе се додаде и растот во првото тромесечје од 3,1 процент, дава отприлика една бројка од 3,7 проценти во првото полугодие од оваа година, што е еден од најсилните во Европа“, изјави Мицкоски.

Покрај добрите политки за зголемување на економската активност, Владата прави планови и како да се надмине буџетскиот дефицит и да се намали долгот на државата. За таа цел, Мицкоски потенцира дека во буџетот за следната година би се предвидело издавање на еврообврзница од над 1 милијарда евра, бидејќи треба да се затворат стари долгови.

Реклама

„Таа е за да се издаде еврообврзница во следната година за да можеме да ги вратиме нивните долгови, коишто го крадеа народот и ги празнеа буквално институциите и министерствата, за да може да ја вратиме обврзницата којашто тие ја земаа во корона-кризата, за да можат да горат модуларни болници, за да можат да да набавуваат стаби вакцини, а притоа граѓаните да бидат на на дното според превенцијата, на врвот по број на жртви за време на корона-кризата. Ете таа опозиција денеска ние ја имаме во во Македонија. Значи бандитска опозиција којашто продолжува да биде континуитет на бандитската власт во периодот кога СДСМ и ДУИ беа власт во Македонија“, додаде Мицкоски.

И во време кога се размислува за намалување на јавниот долг, Мицкоски потенцира дека рамковниот кредит земен од Јавното претпријатие за државни патишта не влегува во таа пресметка. Патем, премиерот додаде и дека парите од кредитот не се повлекуваат веднаш, туку тоа се средства кои се земаат во различна фаза на изградба.