Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

Возраста, хроничните заболувања, и тешката форма на Западно нилската треска го прават…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Возраста, хроничните заболувања, и тешката форма на Западно нилската треска го прават посилен ударот на инфекцијата кај машката популација. Според епидемиолзите со возраста расте ризикот од тешка форма на болеста, особено кај луѓе кои веќе имаат други здравствени проблеми како хронични бубрежни и кардиоваскуларни заболувања. Фактот што сите седум досега починати во Македонија се мажи е податок кој заслужува анализа, но не и причина за паника вели д-р Сашо Олумчев.

Докторите оценуваат дека најважни во превенцијата од Западно нилска треска остануваат мерките – заштита од комарци, избегнување непотребен престој на отворено во периодите кога тие се најактивни и навремено јавување на лекар доколку се појават посериозни симптоми.

Досега, во Македонија од Западно нилска треска починаати се седум луѓе – сите мажи и се постари од 60 години. Во моментот на болничко лекување на Инфективна има 9 пациенти, тројца се во критична состојба. Од почетокот на епидемијата, 38 лица се излекувани и пуштени дома. Во земјава вкупно се регистрирани 56 случаи на Западно-нилска треска. Од нив, 44 се мажи, а 12 се жени.