Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Ангелов: Состојбата со пожарите на отворен простор е алармантна, имаме премногу пожари, нашите сили се преморени 

Состојбата со пожарите на отворен простор во текот на денешниот ден повторно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Состојбата со пожарите на отворен простор во текот на денешниот ден повторно е алармантна и регистрирани се повеќе од 20 пожари. Поголем дел од нив се се уште активни, пожарникарите имаат полни раце со работа, информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. 

Во овој момент активен е пожарот којшто од косовска страна премина на македонска страна, некаде над селото Грачани. Тој, како што инфомираше Ангелов, е сопрен и селото Никиштане е обезбедено. 

-Пожарот во овој момент се симнува кон магистралниот пат, поточно кон реката Лепенец, во насока на косовската граница. Поголем дел од пожарната линија се одвива од косовска страна, дел се одвива на македонска страна. За жал, доколку дувне северозападен ветер, граѓаните и вечерва повторно ќе го чувствуваат чадот од овој пожар, иако во однос на вчерашниот и завчерашниот ден, денес е значително намален. Очекувам до вечер да биде воспоставена целосна контрола врз овој комплексен пожар за гасење – изјави Анеглов.

Реклама

​Анеглов, исто така, информира дека на овој пожар денеска дејствуваа Ер Тракторите, како и еден полициски хеликоптер. 

На територијата на Скопје, има уште еден пожар на Скопска Црна Гора кај Рамно, пожар којшто, како што посочи Ангeлов, некој упорно го потпалува веќе неколку пати. 

-Намерно подметнат пожар повеќе од сигурно. Но генерално и над Скопска Црна Гора, но и овде зад мене, постојано имаме подметнување на пожари. На него работат скопските пожарникари со екипи на Национални шуми – изјави Ангелов. 

Пожарот којшто изби во близина на село Октиси и Подгорци на територијата на општина Струга е активен и навлезе во мешовита шума, во којашто има и борова шума.

– Воспоставена е почетна контрола, се надевам дека денес пожарникарите ќе го стават под целосна контрола. Исклучително тежок терен за гасење, густа шума, тешка за движење – изјави Ангелов.

На територијата на Струга активен е и пожарот од вчера, односно пожарот во атарот на село Селци и село Локов. 

-Таму цела ноќ, но и утрово и претпладнево работи огнен тим на Дирекцијата за заштита и спасување, составен од доброволни пожарникари од Битола. Воспоставија речиси целосна контрола, остана уште еден мал крак којшто го работат во овој момент, но по нивните кажувања има многу горлива маса на самата подлога, многу лисја, суви гранки, трње коишто е тешко да се исчистат, но очекувам денес овој пожар да биде целосно изгаснат и вечер да не претставува закана за околните села, но и вознимирување кај околните жители – информира Анеглов.

​Анеглов, исто така, информира дека кај Градско, кај селото Ногаевци избил тежок пожар којшто навлегол во борова шума и на чие гаснење работат велешките пожарникари со поддршка на огновите тимови на ДЗС. Пожар има и кај село Белица на територијата на општина Македонски Брод, каде веќе втор ден гори нискостеблеста земја, претежно трева, грмушки, трње, на некои места влегува во неквалитетна шума. Кај Село Тајмиште, Кичево, повторно има пожар, во близина на кој пожар претходно имало друг пожар, и како што појасни Ангелов, се сомневаат дека и тој е подметнат. Нов пожар, избил и кај село Добреноец, а запалена е и штипската депонија, а за жал запалени се уште неколку депонии на територијата на државата.

-Со еден збор имаме премногу пожари, нашите сили се преморени, работат пожртвувано, даваат се од себе — и пожарникарите, и тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување, тимовите на Национални шуми, пилотите, воздухопловниот персонал. Сите оние коишто се вклучени во активностите за гасење на пожари даваат се од себе. Но, најдобрата заштита од пожари е доколку истите не бидат предизвикани, затоа по којзнае кој пат апелирам до граѓаните, ве молам внимавајте, доволна е само искра за вистинска катастрофа. Но исто така, ве молам пријавете го секое сомнително однесување, бидејќи имаме индикации дека поголем дел од пожарите коишто во овој момент се активни се намерно подметнати – изјави Ангелов.

Мотивите генерално, како што појасни Ангелов, може да ги класифицираме во неколку категории, а една од тие категории е криење на кривично дело крадење на дрва, дрвокрадство.