Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Штетите од ланското невреме во Општина Василево проценети на околу 550.000 евра

Советот на Општина Василево денеска на вонредна седница усвои Елаборат за проценка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на Општина Василево денеска на вонредна седница усвои Елаборат за проценка на штетата од елементарна непогода – ниски температури проследени со снег и слана на 18, 19 и 20 март лани. Истиот елаборат беше усвоен на вонредна седницата  на 9 март годинава, но, како што соопшти општината, заради технички причини е вратен на корекција од страна на повисоките органи на одлучување во Владата.

Според податоците од Елаборатот,  невремето направило штета во речиси сите населени места во општината, односно во Ангелци, Василево, Владиевци, Градошорци, Добрашинци, Дукатино, Едрениково, Нова Маала, Пиперево, Радичево, Седларци, Сушево и Чанаклија на вкупна површина од  над 125 хектари посеани со различни култури. 

Од страна на комисиите за процена на штета, по извршената теренска анализа и обработката на податоците, утврдена е вкупна штета во висина од 34.075.979 денари, односно околу 550.000 евра.

Реклама

Од страна на општинската администрација, елаборатот ќе биде доставен до повисоките инстанци на одлучување при Владата кои го имаат одлучувачкиот збор во однос на процентот на обесштетување на земјоделците.