Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Свет

Шпанија: Стотина илјади граѓани предупредени да не излегуваат од дома поради отровен облак предизвикан од пожар

Околу 160 000 жители во североисточниот дел на Шпанија беа принудени да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Околу 160 000 жители во североисточниот дел на Шпанија беа принудени да останат во своите домови откако рано утрото избувна голем пожар во индустриска зона во Виланова и ла Гелтру, крајбрежен град на 48 километри јужно од Барселона. Пожарот, кој започна околу 2:20 часот по локално време во магацин за хемикалии за чистење базени, ослободи густ и токсичен облак од хлор што се прошири над неколку населени места и туристички дестинации во регионот.

Каталонската служба за цивилна заштита веднаш издаде предупредување преку социјалните мрежи и испрати аларм на мобилните телефони на жителите во пет општини, повикувајќи ги да не ги напуштаат своите домови или работни места: „Ако сте во засегнатата зона, не излегувајте надвор,“ стои во пораката.

Сопственикот на фабриката, Хорхе Винјалес Алонсо, во изјава за локално каталонско радио рекол дека хлорот ретко се пали, но кога ќе се запали, гаснењето е исклучително тешко. Вели дека е можно пожарот да бил предизвикан од литиумска батерија.

Реклама

Иако за среќа нема пријавени повредени, последиците се значителни: железничкиот сообраќај е прекинат, патиштата се блокирани, а повеќе јавни настани, меѓу кои и популарниот Vida BBQ, се откажани од претпазливост. Хотелите и туристичките места долж брегот се празни, а гостите се затворени внатре.

Каталонскиот претседател Салвадор Иља изјави дека ситуацијата е под контрола, но дека карантинот ќе остане на сила додека не се елиминира секоја опасност за населението. Пожарникарите соопштија дека пожарот е стабилизиран, но и понатаму се следи движењето и токсичноста на облакот.

Најпогодени се Виланова и ла Гелтру, Кубелес, Лес Рокетес де Сант Пере де Рибес, Кунит и Калафел. Властите апелираат граѓаните да не патуваат кон овие области додека не се укине алармот.