Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

Македонија

Шестгодишно дете од Куманово по грешка се качило во автобус за Скопје – пронајдено во Гази Баба

Шестгодишно девојче од Куманово, кое вчера беше пронајдено во скопската населба Гази…

Сподели:

Шестгодишно девојче од Куманово, кое вчера беше пронајдено во скопската населба Гази Баба, по грешка наместо во градски автобус се качило во автобус што сообраќал кон Скопје – соопшти денеска СВР Куманово, изнесувајќи ги деталите од случајот.

Мајката на девојчето, 28-годишната С.Т., вчера во 15:00 часот пријавила во полиција дека нејзината ќерка се оддалечила од домот. По пријавата, веднаш биле преземени мерки за пронаоѓање на детето.

„Девојчето било пронајдено на подрачјето на Гази Баба во Скопје, а по извршен службен разговор било утврдено дека девојчето најпрвин влегло во градски автобус кој превезувал патници до центарот на Куманово, а потоа, по грешка, наместо во автобус за враќање до домот, влегло во автобус кој сообраќал до Скопје, каде била пронајдена од случаен минувач,“ информираа од СВР Куманово.

Реклама

Полицијата потврди дека детето е згрижено и безбедно вратено кај родителите, а случајот е документиран и третиран согласно процедурите.