Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Шасивари: Обединети за праведна, еднаква и успешна Република

Министерот за правда Јетон Шасивари по повод големиот државен празник Илинден упати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда Јетон Шасивари по повод големиот државен празник Илинден упати честитка со порака за обединетост за праведна, еднаква и успешна Република.

- Илинден не е само симбол на борбата за слобода, туку и трајна порака дека државата се гради врз идеалите на еднаквост, правда и заедничка иднина. Овие вредности и денес се темелот на нашата

– Илинден не е само симбол на борбата за слобода, туку и трајна порака дека државата се гради врз идеалите на еднаквост, правда и заедничка иднина. Овие вредности и денес се темелот на нашата Република и на нашата обврска да градиме општество во кое секој граѓанин се чувствува рамноправен и почитуван. Нашата сила отсекогаш била во различностите. Македонија е заеднички дом на сите нејзини граѓани, а нејзиниот развој е резултат на придонесот на сите заедници. Нека зборовите од Крушевскиот манифест нѐ потсетат на една вредност што никогаш не старее, а тоа е заедништвото. „Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници… без разлика на вера, народност, пол и убедувања…“. Оваа порака и денес зборува за Македонија како заеднички дом на сите нејзини граѓани- вели Шасивари во честитката.

Порачува оваа идеја да се чува и различностите не нѐ разделуваат, туку да ја збогатуваат заедничката иднина.

Реклама

– Нека духот на Крушевскиот манифест биде потсетник дека слободата, правдата и соживотот се вредности што се градат заедно. Како министер за правда, верувам дека вистинскиот патриотизам се покажува преку почитување на владеењето на правото, заштитата на човековите права и јакнењето на довербата меѓу сите заедници. Само преку меѓусебна почит, дијалог и еднакви можности можеме да изградиме држава која ќе биде силна, стабилна и успешна за сегашните и идните генерации- наведува Шасивари.