Реклама

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Македонија

Шабан Салиу ги претстави петте столба од изборната програма за Шуто Оризари

На средба со сопартијци и поддржувачи што се одржа во Шуто Оризари,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На средба со сопартијци и поддржувачи што се одржа во Шуто Оризари, Демократските сили на Ромите (ДСР) и кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, д-р Шабан Салиу ги презентираа програмските приоритети за локален развој, конципирани во пет столба: Инфраструктура и урбан развој; Култура, образование и идентитет; Здравје и социјална грижа; Локална економија и нови работни места; Зелено и транспарентно Шуто Оризари, се наведува во соопштението од ДСР, што МИА го пренесува интегрално.

Во фокусот на дискусијата беа конкретни приоритети за унапредување на јавните услуги, подобрување на локалната инфраструктура и отворање на простор за нови инвестиции и вработувања, со посебен акцент на отчетност и транспарентност во работењето на општината.

„Нашата визија е јасна, а тоа е Шуто Оризари да стане симбол на функционални институции и фер шанса за секое семејство. Петте столба на програмата не се слогани, туку работни задачи со одредени чекори, партнерства и рокови. Ќе ја вратиме довербата преку резултати што се гледаат, а тоа се уредени улици и маала, култура што го чува идентитетот, достапна здравствена и социјална грижа, локална економија што отвора нови работни места и зелена, транспарентна општина каде секој глас се слуша,“ изјави д-р Шабан Салиу.