Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Сериозни сомнежи дека во последните 10 години тендерите во здравството се користеле за извлекување пари

Тендерите растеле, а болниците се помалку давале . Трошоците за јавни набавки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тендерите растеле, а болниците се помалку давале . Трошоците за јавни набавки во здравството во последните 10 години се зголемиле два и пол пати, односно од 126 милиони евра во 2015 на повеќе од 315 милиони евра во 2024 година. Ова го покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за јавните набавки во здравствениот сектор во изминатата деценија според кое тендерите за набавка на реагенси и тестови во здравството биле формалност , бидејќи однапред се знаело кој ќе ги добие. И притоа се посочува дека инфлацијата не е доволно објаснување за скокот во цените, а тоа отвара сериозни сомнежи дека тие се користеле како канал за финансиско извлекување средства, наместо како инструмент за унапредување на здравствената заштита.

„Големиот раст на вредноста на јавните набавки во здравството е проследен со сè помал број понудувачи на тендерите. Речиси половина од вредноста на договорите се склучуваат во тендерски постапки во кои имало само по еден понудувач“, велат од Центарот за граѓански комуникации.

Во изминатите десет години бројот на прегледи во вкупно 55 клиники и болници е намален за 14 отсто, а на болнички денови за 24 отсто, се вели меѓудругото во истражувањето. Растечките трошоци за јавни набавки не можат да се оправдаат ниту со специјалистичките прегледи. Во последните три години е евидентиран пад на истите за околу 700.000, односно за 19 проценти. Истото така истражувањето упатува на податокот дека за период од 10 годинни, бројот на пациенти на инсулинска терапија е зголемен за 21 отсто, а вредноста на договорите за 77 насто. Трошоците за лекови за ретки болести во последната декада скокнале од 1,5 милион на 19 милиони евра.

Реклама

„Овој голем пораст се случува во услови кога Државниот завод за ревизија(ДЗР) укажува дека Министерството за здравство нема целосни податоци за тоа дали терапиите навистина ја подобруваат здравствената состојба на пациентите. Причината е што за поголемиот дел од болестите за кои се набавуваат лекови не се спроведува евалуација, како што е предвидено со Програмата за лекување ретки болести“, велат од ЦГК.

Во истражувањето се заклучува дека од 110 здравствени институции државава , во 23 нема ниту едно лице со положен испит за јавни набавки, што е спротивно од Законот. Недостатокот на квалификуван кадар за спроведување на тендери е еден од факторите на корупција. Истражувањето е спроведено во рамки на проектот „Спречување на корупцијата во јавните набавки во здравството“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации.