Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Семос Aкадемии со стипендиски фонд од 14.000 евра за 2026 година

Семос Aкадемии ги отвори апликациите за стипендии за септемврискиот упис во 2026…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Семос Aкадемии ги отвори апликациите за стипендии за септемврискиот упис во 2026 година, обезбедувајќи вкупен фонд од 14.000 евра наменет за кандидати со јасна мотивација, амбиција и желба за професионален развој.

Програмата е особено релевантна за лица кои размислуваат за кариерна промена, се соочуваат со ограничен буџет или чувствуваат дека им недостигаат вештини кои се бараат на современиот пазар на труд, како и за сите што сакаат да напредуваат, да обезбедат повисока плата и да направат јасен следен чекор во својата кариера.

Со повеќе од 30 години искуство во едукацијата и илјадници успешни студенти кои изградиле кариера во земјата и странство, Семос Aкадемии продолжува да инвестира во нови таленти и да овозможува пристап до практично знаење, менторство од индустриски експерти и силна кариерна заедница. Стипендиите се наменети за сите кои имаат силен интерес за избраната област, сакаат да стекнат практични и применливи вештини и се подготвени активно да инвестираат во својот професионален раст.

Реклама

Во рамки на стипендискиот фонд се опфатени повеќе академии кои одговараат на актуелните потреби на пазарот, вклучувајќи програми во областа на вештачка интелигенција, програмирање, дизајн, сајбер безбедност, дигитален маркетинг, развој на игри, визуелни ефекти, внатрешен дизајн, проектен менаџмент, човечки ресурси и продажба, со фокус на практична настава и реални проекти.

„Талентот заслужува шанса. Нашата цел е да ги поддржиме оние кои се подготвени да направат следен чекор во кариерата и да им овозможиме реална можност за напредок,“ велат од Семос Aкадемии , потенцирајќи дека фокусот е ставен нa кариерниот развој, а не само на теоретско знаење.

Бројот на стипендии е ограничен и истите ќе се доделуваат според однапред утврдени критериуми, а крајниот рок за аплицирање е 20 мај 2026 година. Повеќе информации и апликации се достапни на Семос Академии.