Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Семакедонската средба во Трново со мала посетеност, но со моќни пораки до власта

Четириесет и деветтата семакедонска средба “Трново- 2020 година“, во име на Македонците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четириесет и деветтата семакедонска средба “Трново- 2020 година“, во име на Македонците по род и државјанство од сите страни на целиот свет, уаптува јасна порака до Владата за раскинување на Спогодбата Димитров- Коѕијас, известување со нота за таа одлука до Владата во Атина и до генералниот секретар на ООН и продолжување на членството во меѓународните организации под единственото државно име – Македонија. Оваа порака од битолско Трново ја упатија организаторите на традиционалната семакедонска средба- Светскиот македонски конгрес, Матица на иселениците и Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејска Македонија. Тие побараа да се прекине и со обидите за равизија на македонската историја.

– Бараме Владата да ги распушти билатералните комисии со Бугарија и Грција за ревизија на македонската историја. Денес е голем ден Илинден кој го славата Македонците во целиот свет, го славиме македонското востание за слободна, самостојна и суверена држава македонија. Илинденското востание е македонско, Гоце делчев е Македонец, така било и ќе остане- рече Тодор Петров, претседател на СМК.

Меѓутоа, институциите на централната и локалната власт кои од лани ја игнорираат трновската средба и пораките од таму, овој пат се погрижија да има посетители колку и полиција.

Реклама

– Баравме објаснување дали ќе се одржат чествувањата на државните манифестации во Пелинце и Крушво, но месец дена вртевме во владините лавиринти од Кризниот штаб до комисијата за заразни болести. Ни бараа протокол, па им го понудивме предлог- протоколот, но после месец дена, вчера не известија со препорака, средбата заради средбата да не се одржи заради епидемиолошки ризик. Меѓутоа, подготовките ги имавме извршено и ќе се придржуваме според постојните протоколи и средбата ќе ја одржиме- рече Тодор Петров. – на оваа семакедонска средба, како и минатата година, немаме најава за присуство на локалната самоуправа ниту претставниици од Владата. Исто така, гледаме дека нема присуство на медиуми, а известувањето од оваа средба речиси и да го нема- рече Александар Јаневски, претседател на Сојузот на егејските здруженија.

– Сепак ја одржуваме оваа традиционална средба, па како што рече Гане Тородоровски – колку сме толку сме, токму сме. Ние сме Македонци и како Македонци ќе си останеме- рече Иван Петревски Џо, претседател на матицата на иселениците.

Иако без гости од дијаспирата и малцинствата од соседните држави, со дваесеттина официјални претставници и педесеттина други битолчани, организаторите во целост ги испочитуваа епидемиолошките протоколи, а ние светилиштето на храмот “Успение на Пресвета Богоридица“ во Траново го оставивме со мисла, дека тука до не така дамна, пет децении се собираа по 10- 20. 000 Македонци од сите меридијани и го чествуваа Илинден.

Петар Стефановски