Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

Секоја генерација има свој Илинден: Нашата има обврска да ја зачува душата, да се избори за човековиот дух

Нашата генерација има обврска да се избори за нешто што е подеднакво…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нашата генерација има обврска да се избори за нешто што е подеднакво важно — да ја зачува душата, да ја врати вербата во институциите, да го врати достоинството на чесниот човек и повторно да ја направи надежта најсилна движечка сила на нашето општество, порача премиерот Мицкоски од Пелинце.

Затоа што денес не се води само политичка битка. Не се води само економска битка. Не се води само битка за нови инвестиции, повисоки плати, подобри училишта, модерни болници или нови патишта, иако сето тоа е неопходно и ќе продолжиме да го правиме со уште поголема решителност, порача премиерот.

-Денес се води една многу подлабока битка — битка за човековиот дух. Битка за тоа дали ќе дозволиме стравот да стане посилен од надежта. Дали ќе дозволиме цинизмот да стане погласен од чесноста. Дали ќе дозволиме лагата да стане повлијателна од вистината. Дали ќе дозволиме омразата да стане поголема од љубовта кон татковината. Затоа што има нешто што е поопасно од сиромаштијата. Има нешто што е поопасно и од секоја економска криза — тоа е моментот кога еден народ ќе престане да верува во себе. Кога ќе почне да мисли дека секој обид е однапред осуден на неуспех. Кога ќе се помири со просечноста. Кога ќе се навикне на неправдата. Кога ќе почне да го прифаќа поразот како нормална состојба.

Реклама

Матеја Петровски