Реклама
Македонија

Секој чекор има акција и реакција: Мицкоски го предупреди Касами, откако тој најави поддршка за ДУИ во Кичево

За да бидеме коалициони партенри треба да се обединиме на овие избори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За да бидеме коалициони партенри треба да се обединиме на овие избори и да поддржиме вредности, а не да се поделиме за етнички теми и прашања, низ призмата на шовинизам и слични етнички процедурални разлики –  му порача премиерот Христијан Мицкоски на Билал Касами откако тој му даде поддршка кандидатот на ДУИ за Кичево во вториот круг. Сите оние што се надеваат дека со етноцентрични теми ќе добијат нешто во политиката, нека го видат и нека научат од примерот на падот на ДУИ, порача премиерот.

  • Тоа е добра лекција и за други политичари на македонската политичка сцена, кои мора да разберат дека за да бидеме коалициони партенри треба да се обединиме на овие избори и да поддржиме вредности, а не да се поделиме за етнички теми и прашања, низ призмата на шовинизам и слични етнички процедурални разлики. Ако тоа е така, тогаш апсолутно не ја гледам разликата нив и Али од Зајас, кои сакаат да го заменат“ рече Мицкоски.

ДУИ ја доби пораката од народот, рече Мицкоски, и на Албанците им е доста од политиканство и злоупотреба на етничките теми за лични интереси и богатење. Првиот круг од изборите покажа дека народот има надеж и очекувања кои нема да ги разочараме ниту изневериме, смета премиерот. На опозициската СДСМ им порача се консолидираат и да размислат дали ќе се осмелат да одат на предвремени избори како што постојано повикуваат.

  • Нашата опозиција, која доживеа историски дебакл, ја слушам како се храбри, па дури и прави пресметки околу пратенички места. Сфаќам дека се наоѓаат во тежок изборен нокаут од народот, но со нереални математики само дополнително го иритираат.
    Она што е интересно е што дури и во нивните анализи тие кажуваат дека убедливо ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаа јасна и чиста победа. Нема пресметка во која тие би победиле на било каков начин. Тоа покажува дека сè уште не научиле ниту една лекција, што во извесна мера е и потценување на сопствениот народ и гласачи“ рече Мицкоски.

Според премиерот, опозицијата е спремна да отстапи и да даде се и за барањата кои стојат на македонскиот евроинтегративен пат. Но според Мицкоски, Владата нема да се откаже од барањето за гаранции дека уставните измени за внесување на Бугарите ќе биде последно барање и дека ништо ново нема да го попречи македонскиот евроинтегративен пат. Исто така, власта не попушта источниот сосед да ги покаже истите вредности за Македонците во Бугарија. 

Реклама

На домашен план, животниот стандард на граѓаните и економијата ќе биде приоритет број еден во идниот период на Владата, порача премиерот. Македонските граѓани заслужуваат достоинствен живот и тоа ќе го сториме самите оти некој од надвор нема да ни помогне, рече Мицкоски.