Реклама

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Енергетската независнот врвен приоритет, интензивно се реализираат повеќе преокти

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Македонија

Секој електронски потпис издаден во Македонија ќе биде признаен како целосно валиден во Црна Гора и обратно, најави Андоновски

Секој електронски потпис издаден во Македонија ќе биде признаен како целосно валиден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секој електронски потпис издаден во Македонија ќе биде признаен како целосно валиден во Црна Гора и, обратно, секој електронски потпис издаден од кој било издавач во Црна Гора ќе биде еднакво валиден во Македонија – најави денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Андоновски на денешната промоција на новите електронски услуги за студентите од Државниот завод за статистика (ДЗС), достапни на порталот uslugi.gov.mk, најави дека во јуни ќе биде потпишан договор за меѓусебно прифаќање на електронските потписи меѓу Црна Гора и Македонија.

– Имавме квалитетни два дена разговори со претставници од Црна Гора и тоа го подготвувам за самитот за кибербезбедност во Париз, на 1 и 2 јуни, каде што ќе потпишеме договор за меѓусебно прифаќање на електронските потписи меѓу Црна Гора и Македонија. Тоа ќе значи големо олеснување за трансферот на работата и за бизнис-активностите на македонските и црногорските компании – изјави Андоновски.

Реклама

Договорот, според Андоновски, сметаме дека ќе овозможи големо олеснување на комуникацијата меѓу двете држави и ќе помогне за подобрување на економските односи.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: