Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Седници на две собраниски комисии и на Советот на Собранискиот канал

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Советот на Собранискиот канал.

На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт е амандманската расправа по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование за кого поднесени се четири амандмани, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за средното образование за кого се поднесени девет амандмани и Предлог на законот за изменување на Законот за високото образование за кого е поднесен еден амандман, сите во второ читање.

Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика се Предлог на закоот за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и Предлог на законот за изменување на Законот за приватните агенции за вработување, и двата во прво читање.

Реклама

На Советот на Собранискиот канал се Предлог Годишната програма за содржината на програмите и Предлог Годишниот план за видот и содржината на програмата за работа на Советот на Собраниски канал за 2026 година, Предлог Финансискиот и инвестиционен план за 2026 година и Разгледувањето на следните правилници и упатство: Правилникот за начинот на вршење на телевизиски преноси/аудио и видео снимање на седниците на Собранието на Македонија и неговите работни тела; Правилникот за професионални стандарди и етички начела при продукција на програма; Упатството за начинот на користење и чување на опремата во Собраниското ТВ студио.