Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Седница за пратенички прашања: Животен стандард, истрага за Kочани, обвинувања опозиција – власт

Трагедијата во Кочани прва тема на седницата за пратенички прашања. Опозицијата обвинува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трагедијата во Кочани прва тема на седницата за пратенички прашања. Опозицијата обвинува за наводна селективна правда и прашува зошто ниту еден функционер не поднел оставка од морални причини.

Им реплицираше лично премиерот – дециден дека никој не е над законот и дека дел од истрагата се луѓе кои се и од актуелната владејачка гарнитура, нешто што било незамисливо во времето на СДСМ и ДУИ.

Обвинувањата на истрагата се на погрешна адреса- истрагата ја води Обвинителството, а не Владата, а обвинителот е избран токму во време на минатата власт, рече Христијан Мицкоски.

Реклама

Прашањата од власта се однесуваа на животниот стандард. Тие посочуваат дека затекнале опустошена држава, а сега биле обезбедени пари од државниот буџет за раст на платите.

Премиерот вели дека споредбено со минатата година платите пораснале за 9,6 отсто, а Владата работи овој процент да е повисок. Во однос на мерките за замрзнати маржи и цени кои истекуваат на крај на месецов, Мицкоски вели нема да дозволи ценовни шокови, од први мај продолжуваат засилените контроли .

Во рамки на собраниската дебата, премиерот откри и нов скандал поврзан со просторот кој го купила партијата Левица по багателна цена. Мицкоски вели дека објектот се споменува и во исказите во судскиот процес за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски односно дека Палевски и останатите обвинети се  среќавале во штабот на партијата Десна, кој што бил во објектот „Опера хаус“ а тоа во суштина бил истиот простор за кој од Левица сега велат дека бил подрум со сутерен па затоа бил толку евтин.