Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Седница на партиското Собрание на Алијанса за Албанците

Алијанса за Албанците денес ја одржа VI-тата седница на партиското Собрание. Седницата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Алијанса за Албанците денес ја одржа VI-тата седница на партиското Собрание. Седницата ја водеше претседателот на Собранието, г. Назим Таипи, а присуството на членовите беше целосно, што ја одразува важноста на политичкиот и организацискиот момент за партијата, се вели во партиското соопштение.

Во своето обраќање, претседателот на АА, Арбен Таравари, ја нагласи важноста од работата на терен, зајакнувањето на структурите и понатамошната консолидација на партијата како сериозна политичка алтернатива.

На почетокот на работата на Собранието официјално беше констатирана колективната оставка на Централното претседателство, од 15 јануари 2026 година. Пред делегатите, од страна на шефот на изборниот штаб на АА, проф. Халил Снопче, беше презентиран извештајот за локалните избори 2025–2026, при што беа анализирани резултатите, соработките и предизвиците на изборниот процес. Исто така, беше разгледан и извештајот на Асамблејата на жените.

Реклама

Собранието донесе одлука за свикување на редовен Конгрес на Aлијанса на Албанците и го избра Организацискиот одбор кој ќе се занимава со неговата подготовка. За претседател на Организацискиот одбор на Конгресот беше избран Валбон Лимани, а за секретар Гезим Кадриу. Членови на Одборот се пратениците Халил Снопче, Садик Сулејмани, Ријад Шаќири, координатори на единиците, претставници на Асамблеја на жените, Младинскиот форум и други членови од соодветните единици. Организацискиот одбор во најкраток рок ќе го утврди датумот на Конгресот и ќе започне со подготовките за негово организирање.

Како важна точка од дневниот ред беше презентацијата на Нацрт-документот за изработка на Стратегијата на АА 2026–2036, документ кој ќе ја утврди политичката, организациската и програмската ориентација на партијата за следната деценија. Беше формирана четиричлена комисија за спроведување на овој процес, во која ќе бидат вклучени и надворешни експерти. Во суштина, стратегијата има за цел внатрешна консолидација и долгорочно политичко репозиционирање на партијата, градејќи се како идеолошки и програмски документ. Покрај стратегијата ќе биде изработена и Политичката програма 2026–2030.

На Собранието се дискутираше и за актуелните политички случувања и за позиционирањето на партијата во периодот што следува.

VI-тата седница на Собранието беше оценета како важен чекор кон целосна реорганизација и јасно дефинирање на политичкиот курс на Aлијанса на Албанците.