Предлог-резолуцијата за миграциската политика на Република Северна Македонија за периодот 2026–2030 година, со Акциски план, и Статутот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, во прва фаза, се на дневен ред на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.
Истите точки ќе бидат разгледани и од членовите на Законодавно-правната комисија, на чиј дневен ред е и Барањето за давање на автентично толкување на одредбите од член 23 став 1 и став 2 од Законот за урбанистичко планирање, поднесено од Градоначалникот на општина Карпош.

