Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Седма конференција на Европски центри за обука

Во присуство на министерот за одбрана, Владо Мисајловски, началникот на ГШ на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во присуство на министерот за одбрана, Владо Мисајловски, началникот на ГШ на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, амбасадорката на САД, Анџела Агелер, командантот на 7.ATC, бригаден генерал Стивен Карпентер, денес во Домот на Армијата, Скопје започна седмата Конференција на Европските центри за обука (CETC 25).

Настанот, кој е во организација на 7. Армиска Команда за обука на САД (7th Army Training Command – 7.ATC), а нејзин коорганизатор и домаќин е Командата за обука и доктрини (КОД), првопотчинета команда на Генералштабот на Армијата, на едно место ги обедини лидерите од Европските центри за обука, началниците на секциите за обука кои планираат заеднички и мултинационални обуки, како и претставници на организациите кои имаат потреба од различни типови на обука.

На отворањето на конференцијата, преку видеоврска се обрати командантот на Копнената војска на САД во Европа и Африка, кој е воедно и командант на NATO LANDCOM, генерал Кристофер Донахи, изрази благодарност до КОД и 7. ATC за организацијата на оваа конференција, по што истакна дека сме свесни за несигурноста и големите закани во геополитичката средина во која се наоѓаме, што значи дека мораме да бидеме подготвени. Воедно нагласи дека оваа конференција претставува ретка можност и учесниците треба да ја искористат за да обезбедат мултинационално тренинг опкружување, што сите го цениме и поддржуваме.

Реклама

Началникот на ГШ на Армијата во своето обраќање наведе дека оваа конференција служи како платформа за соработка и дијалог меѓу Европските центри за обука, а овде сме со заедничка заложба на која основната цел е да ги зајакнеме интероперабилноста, обуката и подготвеноста.

Командантот на 7.ATC, генералот Карпентер, рече дека со учество на 95 претставници од 24 различни нации, ова е еден од најголемите настани од ваков вид досега, нагласувајќи дека на ваквите конференции особено е важно да се градат партнерства, како и да се инвестира во персоналот во насока на подготовка на соодветни тренинг центри и обука.

Командантот на КОД, полковник Васко Коколански се заблагодари за доделената доверба да бидат коорганизатори на оваа важна конференција, која всушност претставува трета ваква конференција која се организира надвор од СР Германија. Тој наведе дека ова претставува јасен доказ за цврстата определба за градење на доверба и интероперабилност помеѓу сојузниците и партнерите.

Годинашнава конференција, која се води под наслов „Здружена стратешка обука и развој“ (Unified Strategic Training and Development), обезбедува платформа за дијалог и размена на искуства и практики помеѓу Европските центри за обука во поддршка на интероперабилноста, обуката и борбената готовност во четири засебни области и тоа: развој и модернизација на центрите за обука, паметна обука и одбрана, симулации и интероперабилност и нова технологија и развој.

Во рамките на конференцијата посебен акцент се даде и на постигнување на следните задачи: унапредување на интероперабилноста, зголемување на борбената готовност и способност, промоција на иновации и модернизација, јакнење на соработката, поддршка во развојот на доктрини, поддршка во развојот на центрите за обука и активности за соработка на полето на безбедноста.

Оваа дводневна конференција, на која за прв пат сме домаќини и чиј период на одржување се совпаѓа со петгодишнината на нашиот прием во НАТО Алијансата, претставува признание за нашата Армија и нејзината посветеност кон зацврстување на заедничките цели со Алијансата во рамките на градење на доверба и подобрување на обуката.