Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Се зголемува фреквенцијата на ГП “Блато” кај Дебар, само вчера за минале над 7,4 илјади патници

Продолжува постојаниот раст на  проток на патници на граничниот премин „Блато” на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжува постојаниот раст на  проток на патници на граничниот премин „Блато” на македонско – албанската граница, кај Дебар.

Според албанските гранични власти само во текот на вчерашниот ден регистрирани се 7.468 патници, што е најголема бројка евидентирана во едно деноноќие.

-Поради екот на туристичката сезона протокот на патници се зголемува секојдневно. По вчерашниот рекорден проток, денеска очекуваме уште поголем број на патници и возила, изјавиле од граничната полиција.

Реклама

Додаваат дека и полициските и царинските работници ангажирани се со целосна подготвеност, за да гарантираат брза, гостопримлива и високоинтегритетна услуга за секој граѓанин и посетител што влегува на или излегува од албанска територија.

Преку овој премин, кој е на четири километри од градот Дебар, минатиот викенд, 2 и 3 август, според македонското МВР,  минале вкупно 13 603 патници, од нив 4 562 македонски и 9 041 странски државјани. 

Во првата половина од годинава забележана е историски рекордна фреквенција од отворањето на преминот во 1992 година. Така, за шест месеци минале  574.737 што е за 55 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година, кога се регистрирани 370.827 патници.вт/бк/