Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Се зголемува бројот на пациенти со мозочни удари во источниот регион

Расте бројот на пациенти со мозочни удари, најмладиот пациент кој регистриран на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расте бројот на пациенти со мозочни удари, најмладиот пациент кој регистриран на Одделот за неврологија при Клиничка болница-Штип има само 30 години. Лекарите алармираат, пикот е кај 55-годишните, а најризични се мажите и лицата со семејна историја на болеста. Елена Јовева, доцент на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип, вели дека главни причини се висок крвен притисок, шеќер, масти во крвта, пушење и алкохол.

-Постојат ризик фактори за појава на мозочен удар, од кои што некои можеме да ги промениме, тоа се модифицирачки, но некои не. Од немодефицирачките е возрасната група со пикот на 55 годишна возраст до 69, меѓутоа пикот е 55 годишна возраст. Најмладиот пациент што сме го имале е околу 30 годишна возраст, меѓутоа зависи и од карактерот на мозочниот удар. Исто така, битен фактор е и полот, а мажите се повеќе изложени за можности на добивање на мозочен удар, а исто така и фамилијарната анамнеза. Други фактори на кои можеме да влијаеме и кои што можеме да ги редуцираме со цел да го намалиме ризокот за мозочен удар е регулација на кардиоваскуларните ризик фактор, како висок крвен притисок, шеќер во крвта, зголеменото ниво на масти во крвта, како и намалување на злоупотребата на пушење и алкохолни пијалоци, вели Јовева.

Таа додава дека денешниот ритам и начин на живот многу придонесува за мозочен удар, какошто се седење, стрес и лоша исхрана се клучни ризици. Јовева рече дека според американските истражувања, на секои четири секунди некој доживува мозочен удар, а на секои четириесет минути некој го губи животот од мозочен удар.

Реклама

– Тоа ни ја кажува сериозноста за акутната состојба на мозочниот удар, рече Јовева.

 Бројот на мозочни удари расте, а лекарите и понатаму алармираат дека ризикот не треба да се игнорира. Навремена грижа за здравјето и следење на ризик-факторите може да спаси животи.