Реклама

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Прилози

Се запали двокатен автобус на ЈСП на Водно-нема повредени

Густ чад на средно Водно. Се запали автобус на ЈСП  кој возел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Густ чад на средно Водно. Се запали автобус на ЈСП  кој возел  на линија број 25. За среќа во автобусот немало патници,  а возачот со својата брза реакција, спречил пожарот да се прошири на околната вегетација. Пожаникарите веднаш по пријавата пристигнале на местото на настанот.

-Во 10 часот и 40 минути добиена е дојава за настанат пожар на автобус на ЈСП на правецот Водно- Скопје веднаш беа пратени две противпожарни возила од центарот во Тафталиџе кои со самото пристигнување затекнале автобус кој бил опожарен во делот кај моторотистакна команридот на противпожарната бригада Sвонко Тоневски

Во гаснењето на пожарот учествувале  две возила и седум пожарникари од Скопската бригада за противпожарна заштита.

Реклама

– Интервенцијата траеше доста кратко, брзо е изгаснат. Немало патници, немало повредени лица сем материјална штета. Интервенцијата е завршена во 12 часот истакна команридот на противпожарната бригада Sвонко Тоневски

Според првичните неофицијални информации, причина за пожарот е дефект на елетричната инсталација на автобусот.

Надлежните служби на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги спроведуваат сите неопходни проверки  за точно да се утврди од што пламнал автобусот.

Ќе биде утврдена точната причина за пожарот, а јавноста навремено и целосно ќе биде информирана. Безбедноста на патниците е и секогаш ќе биде наш највисок приоритет. Нема поважна обврска од грижата за човечкиот живот и затоа секој ваков настан го третираме со највисоко ниво на сериозност и одговорност“,соопштија од ЈСП.

Скопјапни ги вознемири и веста за запален автомобил кај трговскиот центар „Мавровка“.Според информациите од МВР, возилото се запалило во движење и нема повредени. По интервенција на пожарникарите, пожарот е изгаснат.