Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Се уриваат старите објекти во центарот и кај старото штипско Нервно одделение

Со градежна механизација се уриваат старите објекти кај хотелот Гарни и во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со градежна механизација се уриваат старите објекти кај хотелот Гарни и во старото Нервно одделение, каде што до вчера живееја ромски семејства. Четирисет и едно семејство од социјален ризик од овие објекти добија свои домови во новите типски куќи во населбата Мирјанина црква. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека на овие две локации веќе се чисти просторот. Во централното градско подрачје клај хотелот Гарни по уривањето на објектите, просторот ќе се уреди во паркинг простор.

 -Продолжува рушењето на руинираните објекти, овојпат во централното градско подрачје. Долгогодишно барање на жителите на Штип конечно да се уреди еден простор, кој со години наназад е руиниран. Морам да потенцирам дека овде беа сместени неколку Ромски семејства кои во меѓувреме добија типски објекти. Денес влегуваме со активност за рушење на овие два објекти, изјави Јорданов.

Тој на денешната прес конференција најави дека  во центарот на градот ќе бидат урнати и други руинирани објекти, со што ќе се промени ликот на Штип. Ќе се пристапи и кон експропријација на земјиште на потегот кон населбата Три Чешми со цел продолжување на булеварот „Гоце Делчев“, којшто е влез и излез на градот Штип кон Скопје.

Реклама

-Сакам да најавам и други активности поврзани со рушење на вакви руинирани објекти. Сигурно забележувате во центарот на градот има вакви локации, кои имаат потреба да бидат урбанизирани. Една таква е локација која е на Јавното претпријатие станбен и деловен простор и за која Општина Штип има покренато иницијатива за оспособување, рамнење и рушење на риунираните објекти, кои се наоѓаат во строгиот центар на градот. Мора потоа да се спроведе и процес на експропријација односно ДУП, рече Јорданов.

Штип со уривањето на старите објекти во градот решава децински проблеми, кои го кочеа развивањето и урбанизацијата кон поголемите штипските населби.