Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Се тресат темелите на Европскиот фронт: Ниту во ДУИ не се сигурни дека коалицијата ќе остане целосна

Сериозно се тресат темелите на Европскиот фронт на ДУИ. Заминувањето на Мендух…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сериозно се тресат темелите на Европскиот фронт на ДУИ. Заминувањето на Мендух Тачи може да биде само почеток, кој ќе го следат и други пратеници. Веќе ниту кај интегративците нема сигурност дека коалицијата е сигурна. Арта Билали Зендели, вели засега била, но како ќе се делува во иднина, ќе одлучеле лидерите на партиите и самите народни избраници.

-Имам впечаток дека коалицијата Европски фронт ќе продолжи засега да делува опозициски и во полн состав. Дали се плашиме дека ќе има и други протекувања од Европскиот фронт, по тоа што го кажува постојано Изет Меџити по медиумите, мислиме дека одговорнст за тоа што се случува и што ќе се случи во Европскиот фронт, сносат лидерите на политичките партии кои што го сочинуваат Европскиот фронт и самите пратеници, изјави Арта Билали Зендели.

Мендух Тачи конечно и официјално потврди дека не е дел од Европскиот фронт, токму поради тоа и не бил на прес конференцијата на коалицијата за 100-те дена Влада. Вели бил главен преговарач со ВМРО-ДПМНЕ за евентуална коалицијата, но категорично биле одбиени.

Реклама

-Сто дена се малку за да се анализира работата на една Влада. Причината зошто отсуствував на прес-конференцијата организирана од „Европски фронт“ за стоте дена од владеењето на Владата е поради тоа што јас и ДПА веќе нема да бидеме дел од Фронтот. Јас бев главен преговарач на Фронтот кога отидовме на разговори со ВМРО за оваа Влада. Беа децидни дека не соработуваат со нас затоа што сакаат да ја унапредат својата антиалбанска политика, изјави Тачи.

Според градоначалникот на Тетово и еден од лидерите во коалицијата „Вреди“, Билал Касами, заминувањето на Тачи е само почеток на распадот на коалицијата на ДУИ.

-Излегувањето на Тачи е само почеток на распадот. На ДУИ им одговара сега да започнат некои процеси како што пропагираат, затоа што со ова судство со поддршка од 2% кое е контролирано од ДУИ тие процеси така и ќе завршат. Не може да спроведеме „ветинг“ со корумпирани судии и обвинители, изјави Касами.

Со заминувањето на Тачи од Европскиот фронт, тие останаа со 17 пратеници, но проблем за Али Ахмети може да биде што 7 од нив не се од ДУИ, туку од другите коалициони партнери.

Матеја Петровски