Реклама

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Економија

Се сечат пипците на кланот Ахмети – внукот Бесијан доби наредба да ги пакува куферите и да се врати од Брисел

Бесијан Ахмети, братот на Дрин, ќе ги спакува куферите од Брисел за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бесијан Ахмети, братот на Дрин, ќе ги спакува куферите од Брисел за да се врати на работа во Македонија. Вториот внук на Али Ахмети да биде отповикан од дипломатската функција  во Европската Унија оти не сработил ништо што било цел на неговата мисија, а на која го пратил поранешниот шеф на дипломатијата, Бујар Османи, инаку кадар на Интегративците.

Министерот за економија, Бесар Дурмиши побарал од МНР согласно систематизација да се врати на работа во Министерството за економија,  односно сега тој ќе треба да работи во новото Министерство за енергетика оти пред да стане дипломат работел како помлад соработник за мониторинг и следење на договорите за концесија за минерали кога на чело на министерството беше Крешник Бектеши, исто кадар на ДУИ.

Министерството за економија и труд има поднесено барање до МНР за Бесијан Ахмети да се врати во министерството за економија бидејќи тој е поднесен таму во мисија во дипломатска функција во Брисел како прв сектретар кој треба да ги привлекува надворешните инвестиции од Белгија, Холандија и Луксембург . Видовме дека досега нема постигнато резултати и баравме да се врати на работно место, вели министерот за економија

Реклама

Бесијан само по 10 месеци, преку интерен оглас од помлад соработник се префрла во МНР и е унапреден во прв сектретар на македонската амбасада во Брисел, а додека е таму, заработи кривична заедно со брат му Дрин.

Според соопштението од МВР, семејната фирма копала варовник кај кичевски Зајас, но не уплаќала пари во државниот буџет, со што внуиците од брат на Али Ахмети, ја оштетиле државната каса. Пријавени се уште седум други луѓе од кои петмина биле вработени во министерството за економија и двајца во Државниот инспекторат за техничка инспекција бидејќи не го спровеле задолжителниот надзор.

Бесијан бил директор на фирмата „ Еверест“ ЏД од 2008 до 2017, а Дрин од 2017 досега. Фамилијарниот бизнис е со седиште во Соравиа, на која пак своевремено Дрин стана газда без да вложи ниту денар, а од таму предизборно се повлече. Обвинителството се уште истражува за успесите на младиот бизнисмен, а нема ни завршница за петардите кои му беа најдени предновогодишно во автомобилот.