Реклама

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот

Николоски: Нов импулс за Коридорот 10, Македонија станува поконкурентна за карго транспорт

Од 1 август „Фостер“ повторно без доплата – пациентите ќе плаќаат само партиципација

Државава е на добар пат: Добро е што ЕУ ја препознава Македонија меѓу лидерите во реформскиот процес

Анализа за 2024-та: Државната ревизија со сериозни забелешки за работењето на Агенцијата за вработување

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

Македонија

Се отвора нова страница во развојот на трансплантациската медицина со успешно започнување на трансплантација на рожници

Во рамки на еднонеделниот престој на медицинска делегација од Duke University (САД),…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на еднонеделниот престој на медицинска делегација од Duke University (САД), една од водечките светски институции во клиничката медицина, на Универзитетската клиника за очни болести беа изведени вкупно девет трансплантации на рожница, поставувајќи нови стандарди во офталмолошката грижа во нашата држава, информираат од Министерството за здравство.

Делегацијата, составена од проф. д-р Lloyd Williams, асс. д-р Nick Garson и д-р Sheena Song во рамки на посетата била примена и од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу.  

-Започнувањето на ова поглавје е резултат на едногодишна, темелна и посветена подготовка започнувајќи од организирањето на националната листа на чекање, усогласувањето на протоколите и административните процедури, до создавање партнерство со Duke University, САД. Верувавме дека нашата земја има потенцијал за современа трансплантација на рожници и денес тоа го покажуваме со првите успешни трансплантации, посочува националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска.  

Реклама

Министерот за здравство, Азир Алиу вели дека е горд што Македонија демонстрира знаење, визија и силна институционална посветеност.

-Ова е огромен медицински успех и доказ дека можеме да го модернизираме здравството и да им обезбедиме најдобра можност на пациентите кои долго го чекаа овој момент, истакннува министерот за здравство. 

Директорката на Клиниката за очни болести, доц. д-р Наташа Трпевска Шекеринов смета оти ова претставува исклучително значаен и долгоочекуван чекор напред за нашето јавно здравство, за институцијата, но пред се за пациентите кои имаат потреба од ваков вид високо-специјализиран третман.

-Македонија прави огромен напредок кон современа, достапна и висококвалитетна офталмолошка грижа, отворајќи ново поглавје за сите пациенти. Партнерството со Duke University, нивната донација на ткива и директната соработка во оперативните сали создадоа силен темел за натамошен развој на програмата, истакнува таа.   

Трансплатациите биле реализирани од тимот на Универзитетската клиника за очни болести во состав: директорката на Клиника за очни болести, доц. д-р Наташа Трпевска Шекеринов, насл. доц. д-р Христијан Дума, прим. д-р Бисера Велковска, асс. д-р Ана Трпеска Бошкоска; анестезиолозите д-р Катерина Аспроска Блажевска и д-р Ангелина Трајчевска; анестетичар Канита Арифи, како и медицинските сестри и инструментарки дипл. мс. Билјана Трајчева, мс. Тамара Тасевска, дипл. мс. Суреја Идризи, дипл. мс. Марина Трајковска и целиот персонал на клиниката.  
 
Од изведените интервенции, според медицинска индикација, две биле направени со методата DMEK – најсовремена техника при која се трансплантира само еден микронски слој од рожницата, што првпат се изведе во нашата земја, и останатите седум беа пенетрантни кератопластики (PRK), првпат во јавното здравство по половина век.  

Со овие успеси, велат од Министеството за здравство, трансплантацијата на рожници во Македонија добива современ, одржлив и светски квалитетен модел.