Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Се чистат дивите депонии од штипскиот манастир „Света Недела“ кон селото Шашаварлија

Втор ден се чисти отпад и градежен шут во Штип, во рамките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Втор ден се чисти отпад и градежен шут во Штип, во рамките на еколошката акција „Генералка викенд“. Со градежни машини се расчистува градежниот шут, а амбалажи од најразлични производи, пластични ќеси и друг вид на отпад се чисти од вработените во штипските јавни претпријатија, припадници на Армијата, пожарникари, Општината, членови на Извидничкиот одбор „Еквинокс“, волонтери, граѓани. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека во рамките на акцијата „Генералка викенд“ се чисти од манастирот „Света Недела“  кон селото Шашаварлија. 

-Навиките кои несовесните, неодговорните граѓани ги имаат е последователно овие локации да бидат претворени во диви депонии и овде навистина е потребна координирана активност помеѓу повеќе институции, вклучувајќи ги СВР-Штип, Шумска полиција, сите други институции кои се надлежни за спречување на овие девијатни појави. Затоа што ова не е прв пат локациите да бидат чистени и за неколку дена повторно да се создадат тие диви депонии-рече Јорданов. 

Штипскиот градоначалник, Јорданов најави дека и наредните денови јавните претпријатија со градежна механизација ќе работат на расчистување на овие диви депонии, во овој дел на градот, а веднаш потоа ќе се постават  видео камери и логистика од вработени во општина Штип, кои во координација со останатите институции нема да дозволат создавање на нови диви депонии на оваа локација. 

Реклама

Инаку, општина Штип веќе шеста година по ред учествува во еколошката акција „Генералка викенд“.